ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Трендафилов: Никој да не им кажува на граѓаните што да јадат и да пијат, туку да им се овозможат пристојни услови и високи плати

July 29, 2025 14:23
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Никој не треба да се осуди на граѓаните да им кажува што им е потребно, туку треба да им овозможи пристојни услови и високи плати. Никој и во комунизмот не се осмелуваше да им кажува на работниците што, кога и колку треба да јадат и да пијат. Мислам дека тоа е многу погрешен чекор и дека наместо да ја замајуват јавноста и да го напаѓаат ССМ за вредноста на кошничката, требаше да ги зголемат платите, вели претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) Слободан Трендафилов во врска со утрешната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС) на која, како што е најавено, ќе биде презентирана просечната потрошувачка кошничка.

Трендафилов денеска на прес-конференција, одговорајќи на новинарски прашања, и порача на Владата, ако и смета синдикалната минимална кошница, да креира и владина кошничка, како и „да го отвори владиното бифе како работничка менза“.

-Би сакал да слушнеме како синдикати и работници која е стратегијата на Владата преку креирање кошничка која ќе ни покаже што треба да купуваме и како треба да ги прехрануваме нашите семејства со вакви мизерни плати. Никој не треба да се осуди да им кажува на граѓаните што им е потребно, туку треба да им овозможи пристојни услови и високи плати за да можат да си ги овозможат сите услови што им се потребни, но не најосновните. Синдикалната минимална кошница не покажува што ни е потребно за да преживееме, туку им покажува на креаторите на политиките дека не се живее ни со толку. Ако тоа им смета, може да си креираат сопствени кошнички, но ќе треба да креираат и владина кошничка и да го отворат владиното бифе како работничка менза, нагласи Трендафилов.

Тој го повтори ставот на ССМ, дека синдикалната минимална кошничка е единствена статистичка операција што покажува како се живее во Македонија.

-Синдикалната минимална кошничка покажува дали можеме да си ги овозможиме најосновните прехранбени производи и услови за живот. Тоа што сакаат да го направат е веројатно, да кажат колку на човек му треба данес за јадење, од каде да оди да го пазари тоа јадење иако ќе има ниска пензија, најниска минимална плата, а да не зборуваме дека и во јавниот сектор имаат исто така ниски плати и во приватниот сектор дополнително, на тој начин се осиромашуваат работниците. Ако сакате да го направите тоа, никој и во комунизмот не се осудуваше да им кажува на работниците што треба да јадат и да пијат и кога и колку да јадат. Мислам дека е тоа многу погрешен чекор и дека наместо да ја замајуваат јавноста и да го напаѓаат ССМ за вредноста на кошничката, требаше да ги зголемат платите па никој немаше да зборува за вредноста на кошничката, ниту за потребата од една, три или пет кошнички за самец, за двајца, за млад брачен пар, за пензионери, подвлече Трендафилов.

Претходно тој информираше дека ССМ го доби решението за репрезентативност, како и дека на утрешната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС) ќе бара 500 евра минимална плата и 6 000 денари дополнително зголемување на сите останати плати.

Next Post

МВР: Граѓаните кои поседуваат легално оружје ќе можат да набавуваат муниција директно во овластените правни субјекти

Shortcut

Најново

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

September 7, 2026
Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk