Целосното потфрлање на ВМРО-ДПМНЕ во справување со пожарите минатата и оваа година донесе невидена катастрофа. Податоците се аларманти. Минатата 2024 година, изгореле 95.181 хектари во Македонија. Дури 8 пати повеќе отколку од просекот во последните 17 години, стои во соопштението на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално, соопштуваат од СДСМ.
Изгорените 95.000 хектари зеленило, шуми пасишта ја става Македонија прва во Европа ако се спореди соодносот меѓу изгорената површина со површината на земјата, истакнуваат од СДСМ.
Статистиката покажува дека во 2024 година најмногу изгорена површина имало во Португалија, околу 140 илјади хектари, па во Турција, околу 119 илјади хектари и во Македонија 95 илјади хектари изгорена површина, се наведува во соопштението од СДСМ.
Но Португалија е значително поголема со површина од 92.000 километри квадратни површина, Турција има речиси 800.0000 километри квадратни а Македонија околу 25.000 квадратни километри површина.
Тоа значи дека во однос на површината на земјата во Македонија има изгорено убедливо најмногу територија во Европа! Ова е огромна риродна и еколошка катастрофа, се нагласува во соопштението од СДСМ.
По она што се случува оваа година, трендот за жал ќе биде уште покатастрофален – еколошка катастрофа.
Изгорени се повеќе од 20% од вкупната површина на македонските шуми и пасишта. Тоа значи уништена природа, загрозени животи, имоти и здравје на граѓаните.
За оваа катастрофа виновна е владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, се наведува во партиското соопштение.