ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Арсовска со 3.200 страници докази за дивоградби во Чаир: „Се градат згради без денар платен кон градот“

July 31, 2025 15:48
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска денеска изјави дека до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е доставена обемна документација од 3.200 страници, поврзана со сомнителни постапки за легализација и изградба на објекти во општина Чаир.

На брифинг со новинарите, таа детално ја образложи документацијата која содржи докази за фалсификати, вклучително и изјави потпишани од лица кои во моментот на наводната изградба биле малолетни.

-Станува збор за згради кои се градат сега, во моментот додека зборуваме, без никаква документација, без проект, без статика, без платен денар кон градот. Тоа се огромни објекти кои не можат да се скријат, ниту во џеб да се стават, изјави Арсовска, посочувајќи дека станува збор за „очигледна операција на перење пари“.

Арсовска остро реагираше и на обвинувањата за политичка позадина зад случајот, посочувајќи дека слични кривични пријави биле поднесени и во други општини без да се проблематизира нивната политичка димензија.

Во однос на најавата на градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, дека ќе ја тужи, Арсовска одговори дека е подготвена да се соочи со него.

-Ќе ми биде задоволство да го соочам со сите овие докази, било каде и на било која платформа, рече градоначалничката.

Додаде дека во ниту една друга општина во Скопје не е забележан криминал од ваков размер.

-Во сите останати девет општини се платени комуналии, се доставени проектни документации, се плаќани износи преку кои градот прибира средства. Во Чаир нема ништо од тоа, рече Арсовска.

На крајот, таа предупреди дека доколку институциите не постапат, ќе се создаде опасен преседан.

-Ако нема санкционирање, денеска имате 50 згради што се градат. Утре ќе имате уште 50. Таму живеат луѓе, не бројки. И тие луѓе не заслужуваат да живеат во 12-катници без гаранција за нивната безбедност, рече таа.

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција веќе постапува по кривичната пријава на градоначалничката Арсовска за дивоградбите во Чаир. Според информациите, полицијата по наредба на обвинителството и судот веќе одзела документација од Општина Чаир и Министерството за транспорт и врски, а обвинителството прави споредба на податоците со други институции за да утврди евентуални кривични дела.

На новинарски прашања по брифингот на кој го образложи случајот со дивоградбите, градоначалничката Данела Арсовска изјави дека не планира повторно да се кандитира за градоначалник на Град Скопје и даде осврт за нејзината досегашна работа. Таа нагласи дека реализирала над 900 проекти, од кои 250 капитални, и покрај, како што рече „сериозните опструкции од Советот на град Скопје“.

Tags: АрсовскаЧаир
Next Post

Врховната Рада го усвои законот за враќање на независноста на антикорупциските агенции NABU и SAP

НАЈНОВО

Фото: МИА

Љупка Цветанова добитничка на првата награда на вториот Меѓународен фестивал на сатирата „Џинот“

November 2, 2025

Прв извештај на ЦИВИЛ: Изборниот молк масовно се крши, изборниот ден почна мирно

November 2, 2025

До 13 часот излезеноста 19,96 проценти, за Скопје 15,28 отсто

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk