ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ бара од претседателката Сиљановска-Давкова да не ги потпишува указите за законите за полиција и внатрешни работи

August 1, 2025 13:24
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Социјалдемократскиот сојуз бара од претседателката на државата да не ги  потпишува указите за законите за полиција и за внатрешни работи бидејќи според нив, се укинува професионализмот и полицијата ќе биде под директна команда на министерот за внатрешни работи.

– Со новите таканаречени закони, министерот Тошковски добива неограничена моќ и значително проширени дискрециони овластувања. Сега, тој ќе може да предлага директор на БЈБ, од најшироките области на општествени науки – што е невиден преседан кој цели кон целосно хендикепирање на професионализмот во МВР. Сега тој сам ќе може да поставува началници на Сектори за внатрешни работи и командири, без тие да исполнуваат основни критериуми за стаж, без да имаат искуство или претходно постигнати резултати. Се бришат и основните професионални критериуми за раководни позиции, што отвора широк простор за инсталација на партиски кадри без соодветно оперативно искуство, истакна потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска.

На денешната прес-конференција одржана пред седницата на Советот за безбедност, Чупеска посочи дека од законите е избришан условот со кој се предвидуваат извесен број на години на искуство и стаж  за напредување на највисоките раководни позиции, што практично, како што рече, значи дека началник може да стане кој било, дури и приправник.

Загрижувачки, како што рече Чупеска, се и одредбите кои отвораат простор за масовно следење преку биометриски податоци, како и одредбата со која се отвара простор полициски службеници кои се осудени со правосилна пресуда за кривични дела кои предвидуваат минимум шест месеци затвор да може да бидат вработени на раководни позиции во Министерството.

– Сите овие опасни, недемократски и антиевропски измени не можат да водат кон ништо друго освен кон тотална партизација, зголемена репресија и уривање на човековите права, накратко, водат кон полициска држава. Ова не се закони, ова е легализација на еден манифест на авторитаризам. Таканаречените закони се длабоко комромитирачки, неевропски и поради тоа што предвидуваат укинување на регионалните центри за гранични работи, што е чекор до укинување на граничната полиција. И ова во контекст на соработка со Frontex е високо ризичен потег. Бидејќи, Граничната полиција, мора да има посебен статус и оперативна независност, рече Чупеска.

Од СДСМ најавуваат дека за ова ќе бидат информирани и амбасадите на ЕУ, САД, ОБСЕ и Советот на Европа, како и други релевантни меѓународни институции.

– Ние сме длабоко убедени дека Претседателката има и сила и волја да застане на страната на уставноста, на демократијата и особено на страна на мерит систем за кој знаеме дека неуморно се залага. Сега има неповторлива шанса ова да го покаже и на дело, порача потпретседателката на СДСМ Ана Чупеска.

Tags: Законот за полицијаСДСМ
Next Post

Франција испраќа 40 тони хуманитарна помош во Газа

Shortcut

Најново

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk