Во споменикот Илинден (Македониум), на 4ти август беше отворена изложбата „Flora Imaginarium“, на познатиот македонски уметник, крушевчанецот Зоран Кардула.
„Flora Imaginarium“ претставува визуелен омаж на имагинарниот свет на растителни форми и органски структури, инспириран од македонската традиција, симболика и визуелни кодови, а произлезен од долгогодишна соработка со еден познат македонски бренд. Кардула ја работел оваа серија изминативе две години, градејќи уникатен визуелен јазик кој ја поврзува природата со модерната естетика, истакнуваат од НУ Десет дена Крушевска Република.
„Изложбата е резултат на интензивна уметничка и дизајнерска работа, но и на длабоко размислување за тоа што значи македонскиот визуелен идентитет денес. Чест ми е што токму Македониумот – простор натоварен со историја, симболика и борба – ќе биде новиот дом на Flora Imaginarium“, истакна Кардула.
Поставката беше отворена во рамки на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“ и ќе биде достапна за посетителите во текот на целата манифестација.