Првата женска фудбалска лига на Македонија ќе стартува на 17.август, кога ќе се играат сите натпревари од првото коло. ФФМ вчера со извлекувањето на броевите го одреди распоредот и календарот.
Шампионот ЖФК Љуботен одбраната на титулата ќе ја почне со домашниот натпревар против СЦ Истатов 2015.
Распоред на натпреварите од првото коло:
ЖФК Топ Гол – ЖФК Тиверија Брера
ЖФК Скопје 2014 – ЖФК Кочани
ЖФК Речица – ЖФК – Каменица Саса
ЖФК Љуботен – ЖФК СЦ Истатов 2015
ЖФК Ас Јунајтед – ЖФК Атлетико
Првиот дел завршува на 23.ноември 2025 година, а потоа следува зимската пауза.






