ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Скандал во Демир Хисар – Адвокатот Стеваноски: Еве како се менува доректорка на средно училиште пред распишување на избори

August 9, 2025 11:41
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Бруталниот упад на полицијата во домот на директорката на СОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар, Маја Лозановска, е уште една потврда дека режимот се врати, објавуваат од СДСМ.

Оттаму велат дека „ова е сликата на секој режим, полиција ставена во функција на политички притисок и незаконско разрешување на директорка во средно училиште, со единствена цел пред избори да постават партиски кадар на ВМРО-ДПМНЕ“.

Во партиското соопштение се истакнува дека „сега на граѓаните им е кристално јасно зошто беа измените на Законот за полиција и Законот за внатрешни работи кои ги спроведе Панче Тошковски, за целосна партизација на полицијата, политички прогон и злоупотреба во партиски цели на ВМОР-ДПМНЕ“.

Од СДСМ нагласуваат дека „полицијата станува продолжена рака на ВМРО-ДПМНЕ, а жртви се граѓаните . Денеска е директорка на средно училиште утре некој друг“.

СДСМ бара веднаш да престане, како што велат, бруталниот притисок и незаконското разрешување на директорката Маја Лозановска. Законите мора да се почитуваат без разлика за кого станува збор.

Бараме одговорност од сите кои ја извршуваат оваа незаконска постапка и кои дозволија ставање на полицијата во служба на политички прогон, се наведува во реакцијата од СДСМ.

Како што дознава Фронтлајн, се врши силен притисок врз директорката од страна на полицијата.

„Дома и се дојдени, жената е таргет сакаат да ја сменат на сила, ден пред распишување на изборите, а она користи боледување. Со полиција сакаат да ја извлечат од дома да ја однесат на работа и на сила да го прими решението за разрешување. Ова е скандал“, вели изворот за Фронтлајн.

Адвокатот на директорката Лозановска, Жарко Стеваноски во видео објава на Фејсбук синоќа го прикажа односот на полицијата после претресот од страна на инспекторите во домот на директорката.

„Еве како се менува доректор на средно училиште пред распишување на избори. Макар и на носилки на информативен разговор…“, пишува адвокатот Стеваноски.

Во видео прилогот се гледа како полицискиот инспектор бара да се приведе директорката во полициска станица и покрај тоа што таа е на боледување и со покачен крвен притисок констатиран од медицинска екипа викната во моментот.

– На носилки ќе ја носиме во полициска станица ако треба, вели полицискиот инспектор.

Претходно реагираа од СДСМ и истакнаа дека градоначалникот на Демир Хисар од ДПМНЕ незаконски сака да разреши директорка на училиште.

Во обид да се постават партиски кадри на раководни позиции во образованието Градоначалникот на Општина Демир Хисар, Никола Најдовски, во периодот од 2022 година до денес на два наврати незаконито ја разрешуваше Директорката на СОУ Крсте Петков Мисирков Демир Хисар, Маја Лозановска.  Неговите решенија на два наврати беа поништувани од страна на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, со укажување за незаконитото одлучување во постапката за разрешување.  Поради тоа, за незаконито разрешување на директорката на ова средно училиште Министерот за образование и наука му ги одзеде ингеренциите на градоначалникот Никола Најдовски, во делот на именување и разрешување на директор на ова средно општинско училиште и ја именуваше актуалната директорка со свое решение, врз основа на кое и сега ја извршува функцијата директор на училиштето, изјави на прес конференција, Весна Баковска од Комисијата за образование на СДСМ.

Ј. Ѓ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Демир Хисарполицијаскандал
Next Post

Што е што во изборен контекст: Политички наратив и како функционира

НАЈНОВО

Акција за бесплатно собирање кабаст отпад во Аеродром – голерми контејнери на повеќе локации

September 27, 2025

ЕУ планира укинување на правилото за согласност за интернет „колачињата“

September 27, 2025

Ким го „изострува“ нуклеарниот арсенал – поседува два тона високо збогатен ураниум

September 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Резолуцијата на СДСМ – шанса за деполаризација или нова алатка за дневна политика?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Политиката како диверзија или диверзијата маскирана во политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Драматичен протест во ОН: Делегати ја напуштија салата за време на говорот на Нетанјаху

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Астронаутите на „Артемис 2“ го именуваа „Integrity“ – вселенското летало што ќе ги лета околу Месечината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk