Податоците на Евростат покажуваат дека во Албанија над 99 проценти од младите, на возраст од 16 до 29 години, користат интернет секој ден, што е два посто повеќе од европската млада популација (97 отсто), објавија албанските медиуми.
Во сите земји од ЕУ, вклучително и Албанија, младите луѓе имале значително поголема веројатност да учествуваат во активности на социјалните медиуми отколку вкупното население.
-Креирањето кориснички профил и објавувањето поврзани пораки или активности е широко распространета практика кај младите луѓе во Албанија, на возраст од 16 до 29 години, во споредба со вкупното население. Но, само 49 проценти од младите луѓе на споменатата возраст, имаат дигитални вештини, во споредба со европскиот просек од 71 отсто, стои во извештајот на европската агенција за статистика.
Медиумите додаваат дека ИКТ вештините се сметаат за неопходни за да се има корист од и да се придонесе кон онлајн активностите.
Според Евростат, до моментот кога младите луѓе во ЕУ ќе го завршат задолжителното образование, мнозинството од нив редовно користат компјутери и интернет за низа активности.