Политичките актери, медиумите и корисниците на социјалните мрежи играат значајна улога во формирањето на јавното мислење, а токму за време на изборите се зголемува бројот на случаи на свесно пласирање на полуинформации, селективно претставување на факти или целосни невистини. Целта често не е само да се (дез)информира јавноста, туку да се насочи вниманието кон определена партија, лидер или тема – или, пак, да се создаде недоверба во изборниот процес.
Што е што во изборен контекст
2. Што се дезинформации во изборен контекст?
Дезинформации во изборен контекст се намерно пласирани лажни или манипулативни информации со цел да се влијае врз исходот на изборите или да се поткопа довербата во демократскиот процес.
ЦИВИЛ документира многу такви случаи низ годините, како: фалсификувани документи за наводно вработување на етничка основа во УЈП – Штип (2020), монтирани видеа со цел поттикнување етничка нетрпеливост пред претседателските избори 2024, лажни анкети и „инсајдерски“ информации за предност на одредени партии, објавувани преку анонимни Фејсбук страници.
Овие содржини се шират преку социјалните мрежи, Вибер групи и портали без уредничка одговорност, со цел да влијаат врз довербата на гласачите и да ги демобилизираат противниците.
Како да го контактирате ЦИВИЛ?
📧 monitoring.civil@gmail.com
💬 Инбокс: facebook.com/civil.mk
Вашиот глас има моќ. Искористете ја!
Преземено: Цивил Медиа