ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Домашно средство за почесто чистење на креветите и теписите налето

August 12, 2025 15:59
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Одржувањето на чистотата на креветот честопати спаѓа во споредни работи во домот, иако неговата ткаенина и сунѓер лесно ги апсорбира мирисите. Во лето, деновите се подолги, температурите се повисоки, па и мирисите околу нас стануваат поинтензивни… Не е изненадување што и живеалиштето добива поинаков изглед, пишува порталот „Вечерњи“ (Večernji).

Креветите се изложени на телесни мириси, истурена храна, домашни миленици и надворешна нечистотија што се насобира секој ден. Освежувачите на воздух само ги маскираат миризбите. Спојот од пот, влажност и затворен простор без доволна вентилација, честопати резултира со специфичен, понекогаш непријатен мирис којшто не е присутен во другиот дел од годината. Чистењето на каучот, во таа смисла, честопати се занемарува, па ткаенината лесно може да ја впие миризбата и таа да остане трајна. Теписите, исто така, собираат миризби, па затоа се препорачува темелно чистење барем еднаш месечно.

Ерин од блогот „Чисто и миризливо“ (Clean and Scentsible), споделува дека ослободувањето од непријатните миризби на кауч или тепих – е многу лесно, бидејќи сè што треба е малку сода-бикарбона и есенцијално масло.

– Сода-бикарбоната е одличен впивач на миризби, а есенцијалното масло ќе остави пријатен мирис. Таа е природен „дезодоранс“ бидејќи ги впива сите ужасни мириси, наместо само да ги покрива како што би направил освежувач на воздух. Сода-бикарбоната е позната и по тоа што ги разградува телесните масла, влагата или нечистотијата залепени на ткаенината, што го олеснува чистењето, објасни таа.

Рецептот

Ќе Ви требаат: 120 грама сода-бикарбона, 10 до 25 капки од Вашето омилено есенцијално масло, малку топла вода и херметички затворен сад. Есенцијалните масла се користат за Вашиот дом да мириса убаво, но важно е да се напомене дека некои масла може да бидат отровни за домашните миленици, па затоа се препорачува внимателност пред користење.

За почеток, се додадева сода-бикарбона и малку топла вода во садот, а потоа следи и есенцијалното масло. Треба само мала количина вода, за да направите густа смеса, којашто се меша што е можно порамномерно за да остане цврста и да не се разлева.

Се нанесува тенок слој на тепихот или каучот, и се остава така 30 минути. Ова ѝ дава доволно време на содата да ги отстрани сите миризби, но и нечистотии во ткаенината.

По половина час, користете го додатокот со четка на правосмукалка и просто – вшмукајте ја целата смеса од сода-бикарбона. Вашиот дом потоа треба да мириса многу почисто и посвежо, особено теписите и креветите.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Домашно средствочистење
Next Post

Анџелина Џоли, наводно, се сели од Лос Анџелес

НАЈНОВО

ФОТО: ФФМ

Голем бод против Белгија во Гент, Македонија останува прва квалификациската група

October 10, 2025

Филипче од Гази Баба: Мицкоски нема резултати, мисли дека може да ги лаже луѓето дека добро живеат

October 10, 2025

(ВИДЕО) Експлозија во Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Кој се плаши од метафорите на Тричко?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 10 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарсија пред мечот со Македонија: Нашиот противник не прима многу голови, мора да најдеме решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Шпанската амбасада го најавува мултимедијалниот настан „Дон Кихот во Скопје“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk