ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицкоски – Меџити: Етничка поларизација на ниво на премиер и вицепремиер

Војната на УЧК: Премиерот и вицепремиерот во отворен конфликт!

August 12, 2025 14:53
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Изет Меџити, Христијан Мицкоски Фотомонтажа / А. М.

Изет Меџити, Христијан Мицкоски Фотомонтажа / А. М.

Последните изјави на премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот Изет Меџити, во однос на улогата на УЧК првенствено во Северна Македонија, укажуваат на етничка поларизација, овој пат на самиот врв на државната извршна власт. Повод беше оценката на вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити, висок функционер на коалицијата ВЛЕН, дека војната на Ослободителната војска на Косово (УЧК) во Косово и Македонија била „праведна и разумна“. На што, премиерот Мицкоски реагираше во сосема спротивставена насока.

Меџити на својата официјална Фејсбук страница, на 7 август напиша дека целосно ги поддржува протестите на ветераните на УЧК во Приштина, иако тој самиот не учествувал.

„Целосно и безрезервно го поддржувам денешниот протест за Правда за ослободителите што се одржа во Приштина. Како кандидат за градоначалник на изборите на 19 октомври, не сакав да ја злоупотребам главната кауза на протестот за тесни предизборни интереси, бидејќи таквите каузи се многу поголеми од изборна трка и во себе носат печат на историја и национално достоинство што се издига над изборните кампањи и процеси.“, напиша Меџити.

„Мојот став беше и останува принципиелен и непоколеблив: Војната на ОВК во Косово, онаа во Прешево, како и во Македонија, беше праведна, разумна и чиста! Ова беше војна за државност, за еднаквост и за заштита на албанскиот идентитет на земјите од поранешна Југославија. Светот ги призна и ги казни агресорите и сторителите за злосторства против Албанците. Секоја тенденција денес да се изедначи сторителот со жртвата е неприфатлива, без разлика дали според нормите на меѓународното право или според принципите на обичајното право.“, вели меѓу другото Меџити.

Изјавата на Меџити е по повод протестите на организациите што произлегоа од војната на Ослободителната војска на Косово, кои се одржаа минатата недела  во Приштина, во знак на протест против неправдите на Специјалниот суд и извештаите дека српските досиеја и документи се користат од страна на Специјалниот суд во судењето на поранешните водачи на ОВК во Хаг.

На протестот учествуваше и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој се огласи веднаш по одржувањето на настанот.

„Војната на Ослободителната војска на Косово беше праведна, ослободителна и поддржана од демократскиот свет. Правдата за Албанците не може да се гради врз политички обвинувања и измислени докази од страна на Србија и Русија.“, напиша Ахмети на својот профил на социјалните мрежи.

Мицкоски со спротивставен став

Премиерот Христијан Мицкоски, со своја реакција на изјавата на вицепремиерот и коалицискиот партнер во владата, Изет Меџити,  порача дека не може да биде „разумна и праведна“ војната во која, како што рече, „кукавички, од заседа, се убиени припадници на безбедносните сили“.

-Ја слушнав таа изјава и тука апсолутно имаме различни гледишта на работите. Не може да биде разумна и праведна. Не може некој кој од заседа кукавички одземал животи и убивал припадници на министерствата за внатрешни работи и за одбрана, тоа не може да биде праведна и чесна војна, барем не во Мекедонија, не коментирам за соседството.  Но, тоа се теми кои се дел од минатото, затворени со Рамковниот договор, а со последните законски измени, конкретно Законот за правична застапеност кој е во Венцијанската комисија, тој е затворен, изјави Мицкоски.

Тој нагласи дека во фокусот на Владата е иднината, а не минатото, и повика „разумните политичари“ да гледаат напред, а не назад.

-Нашиот фокус како Влада е иднината, тоа е она што ние сакаме да го видиме. Ова се теми затворени и јас апелирам до сите разумни политичари, да не играат на картата на ДУИ и на оние коишто сакаат да нè вратат 25 години назад, вели Мицкоски.

На изјавата на Мицкоски реагираа од Алијанса за Албанците, од крилото на Зиадин Села, која ја оценија како подеднакво навредливи за Албанците колку што се опасни за стабилноста на земјата, меѓуетничката кохезија, тензијата во односите меѓу заедниците и европската иднина на земјата.

“Изјавите на премиерот Христијан Мицкоски за Национално ослободителната армија се скандалозни и претставуваат отворена провокација кон националните чувства на Албанците воопшто.

Откако досега поништи многу права и достигнувања, Мицкоски сега се обидува да негира и забрани еден славен дел од нашата историја. Очекувавме и предупредувавме на опасноста оваа антиалбанска Влада да стигне до оваа точка и сите наши постапки беа токму во духот на навремено спречување на еден ваков момент. Но, она што нè загрижува уште повеќе е молчењето на Албанците во Владата кои очигледно сакаат да го поминат ова со релативизации, па можеби дури и со напади врз Албанците како што правеа досега.“, се наведува во реакцијата на АА.

Досега, реакции на изјавата на Мицкоски од коалицискиот партнер ВЛЕН, нема.

Висок потенцијал за општествена и политичка  поларизација 

Овој судир на наративи не се одвива само на релацијата Македонци – Албанци во пошироката јавност, туку директно во владината зграда, помеѓу премиер и вицепремиер. Таквата состојба ја засилува перцепцијата дека етничката линија на поделба не е само меѓу партиите, туку и внатре во извршната власт, со потенцијал да влијае врз меѓуетничките односи и политичката стабилност, особено сега, во пресрет на локалните избори, на кои ќе се гласа, односно граѓаните ќе одлучуваат за понатамошниот политички и општествен тек на земјата.

Иако на повидок нема најава на прекин на соработјка помеѓу коалициските партнери, бидејќи како коалициски партнери сепак и не мора да се согласуваат околу сѐ,  ваквите изјави  ја поткопуваат довербата во заедничкото владеење и ја поттикнуваат политичката мобилизација околу национални теми. Ставовите за УЧК остануваат еден од најчувствителните тестови за меѓуетничкото разбирање во Македонија, а актуелните настани покажуваат дека темата може брзо да се врати во центарот на дневната политика, дури и на највисоките институционални позиции.

Дијана Тахири / Цивил Медиа

Next Post

Ангелов: Активен тежок пожар во ловиштето „Јасен“, дејствуваат два полициски и еден армиски хеликоптер

НАЈНОВО

Instagram

(ВИДЕО) Фестивалот на балони во Кападокија го освои августовското небо

August 12, 2025
Фото илустрација, генерирано со ВИ

За десет години 2,5 милиони луѓе го напуштија Западен Балкан

August 12, 2025
Папа Лав XIV Фото: Скриншот

Мадона со апел до папата: Посетете ја Газа – децата умираат од глад, нема повеќе време

August 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    И сè ова е само почеток

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи: Срам за Владата – работниците и пензионери не се виновни за поскапувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мегваер: Реалноста е дека не сме најдобриот тим

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Окупација во 45 слики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Нов скандал во Националната агенција Еразмус, Ана Михајлов осомничена од ОЛАФ назначена за в.д директорка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk