Во изборен контекст, медиумите имаат клучна улога во информирањето на јавноста, проверката на фактите и овозможувањето на плурализам во дебатата. Тие треба да бидат мост меѓу политичките актери и граѓаните, обезбедувајќи рамноправен пристап и непристрасно покривање.
Сепак, во пракса, дел од медиумите стануваат продолжена рака на политички кампањи, пренесувајќи селективни информации, сензационализирачки наративи и дезинформации. Ова може да влијае врз изборната волја и да ја поткопа довербата во демократскиот процес.
Затоа, критичкото мислење на граѓаните, транспарентноста на медиумите и независното новинарство се од суштинско значење за фер и демократски избори.
Медиуми во време на избори – Вистинито и објективно, избалансирано, правично, рамноправно, чесно и независно, професионално, со коментари јасно одвоени од информациите, толерантно, слободно и одговорно. Ова се клучните зборови во начинот на кој медиумите треба да известуваат за изборите, сумирани од одредбите на Изборниот законик.
За време на изборите известувањето на медиумите според член 75-б не смее да биде во функција на изборно медиумско претставување на ниту еден политички субјект од денот на распишување на изборите до нивното завршување.
Во членот 75-в, пак се вели:
(1) Уредници, новинари, водители на програма и презентери ангажирани во подготвување на програми на радиодифузерите не смеат да учествуваат во предизборни активности на политички партии, коалиции, групи избирачи и нивни претставници, односно учесници во изборна кампања за време на изборниот процес.
(2) Доколку се определат да учествуваат во вакви активности, нивниот ангажман во програмите на радиодифузерите им мирува од денот на распишувањето на изборите до нивното завршување.
Како да го контактирате ЦИВИЛ?
📧 monitoring.civil@gmail.com
💬 Инбокс: facebook.com/civil.mk
Вашиот глас има моќ. Искористете ја!
Преземено: Цивил Медиа