ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пожарот во „Јасен“, сè уште не е скротен, активни се и пожарите кај Лојане и Табановце

August 17, 2025 09:35
in ДЕНЕС, ХРОНИКА

Поради пожарот во Националниот парк „Јасен“, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје се уште е затворен за секаков вид возила, информира АМСМ.

Според Центарот за управување со кризи (ЦУК), со пожарот е зафатена мешана шума.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов вчера соопшти дека во гаснењето на пожарот се вклучени екипи на ЈП „Национални шуми“, ЈП „Јасен“ и на Територијална противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ). За гаснење, напомена Ангелов, се користат сите можни ресурси.

Вкупно 27 пожари на отворен простор се регистрирани до 08:00 часот утрово. Од нив активни се два, еден е под контрола, а изгаснати се 24.

Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во повеќенаменското подрачје „Јасен“, Општина Македонски Брод, каде е зафатена мешана шума, како и во селата Лојане и Табановце, Општина Куманово и Липково, каде гори ниска вегетација и мешана шума.

Под контрола е пожарот помеѓу селата Рогачево, Јажинце, Долно Орешје, Општина Јегуновце, каде се зафатени пасишта и мешана шума.

Според ЦУК, изгаснати се пожарите во Општина Долнени – с. Дебрешта (ниска вегетација и стрниште), Општина Тетово – кај железничка станица (ниска вегетација), Општина Врапчиште – с. Врановци (ниска вегетација и ливади), Општина Гостивар – с. Тумчевиште (ниска вегетација), Општина Липково – с. Матејче (ниска вегетација и стрниште), Општина Куманово 1 – с. Лопате (ниска вегетација и стрниште), Општина Куманово 2 – с. Орашац (ниска вегетација и стрниште), Општина Куманово 3 – с. Черкези (стрниште), Општина Штип – клучка Три Чешми (стрниште), Општина Струга – во близина на градот (насади со лешници), Општина Кичево 1 – с. Осломеј (стрниште), Општина Кичево 2 – с. Брждани (стрниште)
13. Општина Крушево – с. Норово (депонија), Општина Кисела Вода – ул. Саса (ниска вегетација), Општина Шуто Оризари – ул. Јордан Поп Јорданов (ниска вегетација), Општина Илинден – с. Илинден (депонија), Општина Боговиње – с. Боговиње (ниска вегетација), Општина Охрид – с. Љубаништа (ниска вегетација), Општина Старо Нагоричане 1 – с. Младо Нагоричане (ниска вегетација), Општина Старо Нагоричане 2 – с. Руѓинци (ниско стеблеста шума и ниска вегетација), Општина Крива Паланка – нас. Единство (ѓубре), Општина Бутел 1 – с. Љубанци (ниска вегетација и грмушки), Општина Бутел 2 – Љуботенски пат (ниска вегетација и грмушки) и Општина Карпош – ул. Скупи бб (ѓубре).

Next Post

Илјадници демонстранти во Тел Авив побараа крај на војната во Газа

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Четворица ограбувачи испразниле златарница во Сиетл за 90 секунди

August 17, 2025

Илјадници демонстранти во Тел Авив побараа крај на војната во Газа

August 17, 2025

Пожарот во „Јасен“, сè уште не е скротен, активни се и пожарите кај Лојане и Табановце

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучни заклучоци од самитот на Трамп и Путин во Алјаска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јулија Навалнаја до Путин: Ослободете ги сите политички затвореници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk