ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шукова најави културни ваучери за млади и пензионери, концерти и театри на отворено

August 18, 2025 13:20
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Кандидатката за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, денеска пред Младинскиот културен центар се сретна со претставници од културната сцена, со кои разговараше за тоа што му е потребно на главниот град за да заживее како вистински град на културата, се наведува во соопштението од СДСМ.

„Културата не треба да биде привилегија. Културата треба да биде право за секој граѓанин на Скопје“, истакна Шукова, нагласувајќи дека најголемиот дел од културните настани денес се концентрирани во центарот на градот и дека мора да се обезбеди нивна децентрализација.

„Треба да понудиме културни содржини во сите овие јавни отворени простори… со мобилни сцени, со подвижни платоа и разни други мобилни технички средства можат многу лесно да станат културни центри“, рече Шукова, посочувајќи дека Скопје има огромен потенцијал за културни настани на отворено.

Таа се заложи за воведување културни ваучери за младите и пензионерите:  „Сметам дека тоа може да се спроведе и сега, културни настани во градот да бидат достапни за младите и возрасните.

Шукова се осврна и на значењето на МКЦ:  „Младинскиот културен центар мора да се врати на своите славни патеки, кога тука просто бруеше и младинската култура и новите креативни идеи. Јас би рекла Младинскиот културен центар да биде симбол на младите и на културата во Скопје“, заклучи Шукова, испраќајќи силна порака за обновување на градот преку културата, инспирирана од стихот: „Градот убав пак ќе никне. Скопје – радост ќе бидеш.“

СДСМ, како што истакнуваат, стои зад визијата на Шукова за културно Скопје, отворено за сите граѓани, со живи јавни простори, пристапна култура и обновен МКЦ – како симбол на иднината.

Tags: Каја Шукова
Next Post

Европскиот фронт се ребрендира во Национална алијанса за интеграција за локалните избори

НАЈНОВО

Пријавени 13 кандидати за претседател на ДКСК, ќе се одлучува по локалните избори

August 18, 2025
Борче Стаменов

Борче Стаменов од „Донирај компјутери“ и Ирфан Ахмети добитници на државната награда „Мајка Тереза“ за 2025 година

August 18, 2025
Фото: Министерство за одбрана

Мисајловски: Триесет и трети роденден на Армијата – 33 години напредок, 33 години безбедност на татковината и сигурност на граѓаните

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk