ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

August 18, 2025 14:49
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА

Андреј Жерновски, во објава на социјалните мрежи вели дека изминатиот викенд се потврдило постоењето на политичка криза во земјава и потребата од предвремени парламентарни избори.

„Изминатиов викенд и дефинитивно стана јасно дека, во мугрите на одржувањето на локалните избори, предвремени парламентарни избори во нашата земја стануваат неопходност,“ порача Жерновски.

Тој нагласи дека владејачкото мнозинство е далеку од потребното бадентерово мнозинство, што според него е „индикатор за постоење на политичка криза и доказ дека големиот број на пратеници кои ги освои ВМРО-ДПМНЕ не значи ништо ако не се поседува квалитет за менаџирање на политичките процеси“.

„Навидум стабилните бројки во парламентот не значат и стабилен систем,“ додаде тој.

Жерновски предупреди дека пред државата стојат важни одлуки кои ќе бараат пошироко мнозинство. „Одлуките за кои ќе биде неопходно мнозинство гласови од заедниците тропаат на врата, при што за неможноста и немоќноста да се избере Народен правобрaнител, Брисел веќе губи трпение,“ истакна тој.

Осврнувајќи се на гласањето во Собранието, Жерновски оцени: „Саботниот дебакл на владејачката коалиција во Собранието недвосмислено покажа дека претстои период на реална нефункционалност и дека се разнишани ‘стабилните’ темели што премиерот тврдеше дека ги изградил во првата година од неговиот мандат. Ако се ова тие темели за иднината, тогаш е јасно дека со оваа и ваква влада, Македонија нема никаква иднина.“

Според него, вниманието на премиерот Мицкоски веќе е насочено кон евентуални вонредни парламентарни избори. „Токму затоа, иако се подготвува за локалните, очите на Мицкоски веќе се свртени кон вонредните парламентарни избори,“ напиша Жерновски.

Next Post
Дестан Јонузи

Македонската фарса на ветувањата

НАЈНОВО

Коенигсег Џеско го победи Римац и си го врати рекордот за брзина за хиперавтомобили

August 18, 2025
Фото: Илустрација, генертирано со ВИ

Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

August 18, 2025

Лилјаците, „најнеправедно“ третираните животни на Земјата; човекот не смее да ги изгуби во природата

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk