ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ДИК не го донесе упатството за бројот на советници во советите на општините и Град Скопје

August 19, 2025 14:55
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА

Државната изборна Комисија денеска не го донесе упатството за пополнување на образец на листи за кандидати за членови на совети на општини и на Градот Скопје, откако членот на ДИК Дитмире Шеху побара одлуката да се донесе со консензус, едносгласно, повикувајќи се на одредби од Изборниот законик кои, како што рече, предвидуваат член на Комисијата да може да побара вакво гласање ако одлуката се однесува на немнозинските заедници.

За Шеху е спорно да се донесе вакво упатство врз основа на постојна одлука на Владата, со која, како што нагласи, бил намалени бројот на советници врз основа на пописот кој населението го дели на резидентно и нерезидентно. Според неа, брјот на советници во општините и во Градот Скопје се утврдува согласно законот за локална самоуправа а не согласно одлука на Влада.

Со оглед на барањето на Шеху, за ова прашање ќе треба да се произнесе правната служба на Државната изборна комисија во одреден временски рок.

Претседателот на ДИК Борис Кондарко претходно истакна дека вакво упатство за локалните избори во 2021 година било донесено врз основа на одлука на Влада од 2004 за број на советници во општините и во Градот Скопје.

Сепак тој го стави упатството на гласање по кое беше констатирано дека пет членови се за и двајца против со што упатството не можќе да се донесе консензуално односно едногласно.

-Со примена на одредбите од член 31 од Изборниот законик точка 34г на која се повика колешката Дитмире Шеху, која гласи дека кога предлог одлука на ДИК се однесува на интереси на немнозинската заедница пред ставање на одлуката на гласање кој било член на ДИК кој припаѓа на немнозинската заедница има право да побара од ДИК да одлучува таквата одлука да биде донесена со консензус. Согласно точка 34 г од член 31 од ИЗ како што беше предлогот на колешката, упатството го ставам на гласање како Предлог упатство за пополнување на образец на листи за кандидати за членови на совет на Општини и на градот Скопје, рече Кондарко и констатира дека пет членови на ДИК се за и двајца против.

Согласно ова и цитираната законска одредба, како што истакна, тој констатира дека за оваа одлука гласањето покажало дека нема консензус и таа не е донесена.

-Согласно дискусијата и предлогот на Шеху, ДИК по нејзино барање може да постапува согласно точките 34д и 34ѓ, односно колешката има право да се обрати писмено до правната служба која ќе го разгледува ова прашање и во соодветен рок е должна да даде одговор со писмено мислење, рече Кондарко додаде дека комисијата ќе се наврати на оваа точка од оваа седница по завршувањето на таа процедура.

На денешната 130. седница ДИК донесе неколку други одлуки поврзани со претстојниот изборен процес за локалните избори, а донесе и упатство за набљудување на изборната постапка.

Фото: принтскрин

Tags: број на советнициДИКлокални избори
Next Post

Сапорт Кочани: Над 4,5 милиони денари обезбедени за засегнатите лица во трагедијата во Кочани

НАЈНОВО

Албанскиот политички кампус во пресрет на локалните избори: Меѓу наративите и политичкиот прагматизам

August 19, 2025
Избирачки ливчиња (фото: МИА)

Избирачкиот список под лупа – што е што во изборен контекст

August 19, 2025

Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скирншот, АП

    (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk