ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Полска вечер на „Охридско лето“ со уметниците од хармоникашкото „Моушн трио“

August 19, 2025 12:45
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
фото: Охридско лето

фото: Охридско лето

Share on FacebookShare on Twitter

Музичката програмата на годинашното 65. издание на Фестивалот „Охридско лето“ ќе биде заокружена со концертот на „Моушн трио“ и уметниците Јануш Војтарович, Павел Баранек и Марчин Галажин на хармоника.

Полското трио хармоники со името „Моушн трио“ е познато по нивниот специфичен начин на комбинирање на страста која извира од традицијата на музиката од Источна Европа со прецизноста и строгоста на делата на големите класични композитори.

Предводени од Јануш Војтарович, членовите на триото често изведуваат сопствени, оригинални композиции кои се засноваат на нивното класично музичко образование на Академијата за музика во Краков и на нивната љубов кон традиционалната музика со која израснале. Основано во 1996 година, триото започнува да свири на улиците низ Европа, а потоа прераснува во ансамбл кој е признаен на класичната музичка сцена. Настапуваат низ целиот свет, а уникатноста продолжуваат да ја градат со имплементација на  звуците на рок и техно со што нивниот нетипичен израз добива сосема нови нијанси.

За нив велат дека да се доживее „Моушн трио“ е како да се присуствува на рецитал на Паганини и концерт на групата „Металика“ во живо. Толку е моќен и возбудлив нивниот звучен свет, а сепак тоа го постигнуваат исклучиво со употреба на нивните хармоники – без дополнителни семплери, лупови или технолошки трикови.  Нивната неверојатна изведувачка вештина ги поместува границите на интерпретација и прави тие да бидат една од највозбудливите формации од овој тип на светската сцена. Нивната музика е оригинална, еден вид спој на минимализам, џез и рок кој комплетно ги редефинира постоечките звучни пејзажи кои хармониката како инструмент може да ги долови, и на тој начин создава сосема нова слика за неговите можности.  Албумите на триото се одлично прифатени од стручната критика и им носат бројни награди и од класичната, но и од џез-сферата.

Членовите на триото сметаат дека единствен начин да се задржи вниманието на денешната публика е да се експериментира со звуците на хармониката и да се извлечат од инструментот звуци кои досега никогаш не се слушнати, да се развиваат нови форми со цел да се креира возбудлива музика која ќе продолжи постојано да носи нови изненадувања…

Концертот ќе се одржи во катедралната црква „Света Софија“ со почеток во стандардниот фестивалски термин од 21 часот.

Tags: „Охридско лето“
Next Post
Рим, Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Италија воведе нови, високи казни против фрлањето ѓубре на јавни места

EVN

НАЈНОВО

Димитријевиќ: АКТ објави нова „бомба“ – Тендерска мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски

January 27, 2026
Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Анкета во Унгарија: Опозициската Тиса убедливо пред Фидес, се тресе ли „тронот“ на Орбан

January 27, 2026
Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk