ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Европска премиера на претставата „Приказната на Електра“ за затворање на „Охридско лето“

August 20, 2025 11:22
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Годинешното јубилејно 65. издание на Фестивалот „Охридско лето“ ќе  биде затворено со европската премиера на театарската претстава „Приказната на Електра“, работена според текст на Сашо Димовски, режија на Дејан Пројковски, во копродукциска изведба на Театарска асоцијација на Јужна Кореја, АРТЕМА – Театарска лабораторија и Националната установа „Охридско лето“.

Во описот за претставата се наведува дека оваа инсценација на митот за Електра има цел да создаде универзален сценски јазик чија парадигма се потпира на синтезата меѓу силните аудиовизуелни слики, говорот на телото и минималниот јазичен текст.

Митот за Електра, што во својата основа ја има одмаздата на децата за убиениот татко насочена кон сопствената мајка, одново ќе ги донесе на сцената вечните етички теми кои ги тангираат семејните релации, општествените корозии и потребата од катарза.

Дејан Пројковски и Сашо Димоски ја започнаа својата соработка во 2022 година со претставата „Инферно“, базирана на „Пеколот“ од Данте Алигиери, каде драматургијата е дело на Димоски, а режијата на Пројковски. Оваа мегапродукција на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес беше високо оценета од публиката и критиката, истакнувајќи ја уникатната визуелна и аудитивна атмосфера. Од тогаш, нивната креативна алијанса продолжи со значајни проекти кои ја осветлија театарската сцена во Македонија и пошироко.

Во 2024 година, под режисерската палка на Пројковски ја реализираа претставата „Демони“, адаптација на романот на Фјодор Достоевски, која како продукција на Националниот театар во Дебрецин, Унгарија, беше прогласена за најдобра претстава на сезоната во категоријата драма, опера, балет.

Претходеше „Собирачи на пердуви“ во 2023 година, претстава базирана на сценариото на Александар Петровиќ од истоимениот култен филм, со драматургија и адаптација на Сашо Димоски и режија на Дејан Пројковски. Оваа мегапродукција на Српскиот народен театар од Нови Сад ја освои првата награда на фестивалот „Театар во тврдината“ во јуни 2024 година во Смедерево. Истата година ја изведоа и претставата „Рацин“, посветена на животот и делото на Кочо Рацин, со текст на Димоски и режија на Пројковски, која имаше премиера на фестивалот „Охридско лето“ и освои три награди на МТФ „Војдан Чернодрински“.

Овие проекти се дел од плодната соработка која Димоски и Пројковски ја негуваат, создавајќи автентичен театарски ракопис што значително го збогатува и развива театарот во регионот, а нивните индивидуални интернационални кариери се препознатливи и наградени дома и во странство.

Улогите во претставата ги толкуваат Ким Чоин како Електра/Ифигенија, Ким Сеонг-ми како Клитемнестра/Касандра, Чои Минхјук ја носи улогата на Орест, Јанг Мин Ки е Агамемнон, а Ха Џин е Егист.

Претставата ќе се игра на Големата сцена на Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во стандардниот фестивалски термин од 21 часот.

Tags: „Охридско лето“Електра
Next Post

Во јуни исплатени 830.336.364 денари за изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д

Shortcut

Најново

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026

Тага за сѐ што е живо

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk