ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Почнуваат 64. Струшки вечери на поезијата

August 21, 2025 11:55
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Со традиционалното садење дрвце и поетско читање во Паркот на поезијата во чест на добитникот на „Златен венец“ за 2025 година истакнатиот словачки поет, раскажувач, есеист и преведувач Иван Штрпка денеска во Струга почнува 64. издание на Струшките вечери на поезијата.

Официјалното отворање на манифестацијата ќе биде вечер со палење на фестивалскиот оган и читање на Константиновата Т`га за југ во Домот на поезијата, а ќе продолжи со Меѓународното поетско читање „Поетски меридијани“.

Покровител на манифестацијата е претседателката Гордана Сиљаноска – Давкова, а финансирана е од Министерството за култура и туризам.

Фокусот на годинашното издание е глаголицата, а во таа насока е и изложбата „Македонска глаголица – визуелни рефлексии“ на Лазе Трипков што ќе биде отворена во хотел Дрим.

Директорот на манифестацијата Никола Кукунеш информира дека за промоција на годинашното издание подготвени се графички и видео содржини, кои во себе ја обединуваат глаголицата како фонд, кој реферира на првата неофицијална кодификација на македонскиот јазик преку првите преводи на она што го знаеме како старословенски јазик.

Уметничкиот директор на Фестивлот Мите Стефоски за МИА информира дека сценографијата на годинашното издание преку едно современо визуелно обликување ја оживува глаголицата.

– Ова издание е посветено на глаголицата. Глаголицата не е само писмо (облик), туку душа на зборот. Визуелните рефлексии на овој симбол на духовноста се претставени преку неговата изложба „Македонската глаголица – визуелни рефлексии“, која е дел од ова издание на СВП. Авторот на видео анимациите за целокупното издание, како и промотивните видеа е Емил Петровски, кој преку едно современо визуелно обликување ја оживеа глаголицата, изјави Стефоски за МИА.

На програмата се меѓународни поетски читања на поетите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2025, како и портретите на добитниците на „Златен венец“, традиционално во црквата „Света Софија“ во Охрид, „Мостови на Струга“, „Браќа Миладиновци“ за 2024 година и „Млада Струга“.

Новина годинава е враќањето на препознатливите содржини на Струшките вечери на поезијата, како што се читањата кај споменикот на Свети Климент на Плоштадот во Охрид и патувањето со брод и поетското читање на „Свети Наум“. Поетското матине годинава ќе биде во предворјето на црквата „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид.

На 64. Фестивалско издание ќе бидат презентирани врвни светски имиња, а ќе бидат објавени и тројазична луксузна монографија на лауреатот Иван Штрпка, како и други значајни публикации. Меѓу нив е и книгата на добитникот на награта „Мостови на Струга“, Матеуш Шимчик, книгата на минатогодишниот добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга меѓу две изданија на фестивалот, академик Катица Ќулавкова „Небото ми е дома“, која излегува во превод на англиски јазик.

Покрај лауреатот, словачкиот поет Иван Штрпка, добитникот на наградата „Мостови на Струга“, полскиот поет Матеуш Шимчик, на 64-тите Струшки вечери на поезијата учество ќе земат околу 70 истакнати поетски имиња од Франција, Турција, Кина, Шпанија, Ирска, од земјите од соседството како и истакнати имиња од домаќинот Македонија.

Tags: Струшки вечери на поезијата
Next Post

Утре и задутре авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, пчеларите навреме да ги заштитат пчелите

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk