Тренерот на Ливерпул, Арне Слот го пофали младиот и талентиран Рио Нгумора кој го постигна победничкиот гол на синоќешнито натпревар со Њукасл.
На асистенција од Мохамед Салах, 16-годишниот Рио погоди во 90+10. минута и му донесе три бода на својот тим.
– Не одигравме како што посакуваме. Им дозволивме да не загрозат по нафрлени топки. Ја немавме контролата на играта. Сепак благодарение на 16-годишниот Рио Нгумора победивме. Тој постигна одличен гол кој може многу да значи во натамошната негова кариера. Сега неговата самодоверба ќе биде уште поголема, изјави Слот по натпреварот.
Ливерпул има шест бода на почетокот на сезоната и е трет на табелата во Премиер лигата. Њукасл е 15-ти со еден бод.