ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ослободителната пресуда за Блатер и Платини стана конечна

August 28, 2025 14:05
in ДЕНЕС, СПОРТ

Ослободителната пресуда за Мишел Платини и Сеп Блатер, на кои им беше повторно судено во март во Швајцарија во случајот за измама, денеска стана конечна, откако обвинителството не поднесе жалба.

„Јавниот обвинител на Конфедерацијата се откажува од поднесување на жалбата“ и со тоа ја прифаќа „пресудата донесена во прв и втор степен“, објави денес швајцарското Обвинителство.

Со ова, по десет години процес со силни политички последици, е ставен крај на случајот во кој обвинителството на два пати неуспешно бараше условни затворски казни за обвинетите.

„Знам дека оваа афера беше дизајнирана да ме спречи да станам претседател на ФИФА“, рече Платини по одлуката на апелацискиот суд, додавајќи дека сега е „премногу стар“ за да размислува за нови позиции.

Платини и Блатер беа обвинети дека „нелегално, на штета на ФИФА, примиле исплата од два милиони швајцарски франци (околу 1,8 милиони евра) во корист на поранешниот трикратен освојувач на Златната топка.

И одбраната и обвинителството се согласија за едно: Платини го советуваше Блатер помеѓу 1998 и 2002 година, за време на неговиот прв мандат на чело на ФИФА, а во 1999 година потпишаа договор за годишен надомест во износ од 300.000 франци, кој ФИФА го исплати во целост.

Сепак, во јануари 2011 година, Платини побарувал дополнителни два милиони франци, што обвинителството ја опиша како „фиктивна сметка“.
И двајцата тврдеа дека се договориле за годишна плата од еден милион франци усно од самиот почеток, без сведоци, но дека ФИФА потоа не можела веднаш да ја исплати целата сума.

Обелоденувањето на аферата во средината на 2015 година, кратко откако Блатер поднесе оставка поради низа скандали, го спречи Платини да застане на чело на ФИФА и со тоа го отвори патот за Џани Инфантино, тогашниот негов најблизок соработник во УЕФА.

Tags: БЛАТЕРПалтиниФИФА
Next Post

Во Албанија учениците од четврто одделение ќе ги изучуваат основите на вештачката интелигенција

НАЈНОВО

Гутереш: Гладот во Појасот Газа е резултат на намерни постапки на Израел

August 28, 2025

Репортери без граници: Насилството врз новинарите во Србија достигна тажен рекорд, регистрирани се 34 напади за помалку од два месец

August 28, 2025

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk