ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Амбасадорката Дир: Денот на сеќавање на бранителите и бранителките на Украина, им оддаваме почит на сите што го дадоа својот живот– тоа е болка што потсетува на страшната цена на слободата

August 29, 2025 12:52
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Share on FacebookShare on Twitter

Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, на социјалната мрежа Х објави пост по повод Денот на сеќавање на бранителите на Украина кои загинаа во борбата за независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

Денес,29.08.2025,на Денот на сеќавање на бранителите и бранителките на Украина, им оддаваме почит на сите што го дадоа својот живот за нашата слобода Од 2014 год. руската агресија одзема животи на Украинците Секоја загуба – тоа е болка што потсетува на страшната цена на слободата, напиша амбасадоркта Дир.

Денес,29.08.2025,на Денот на сеќавање на бранителите и бранителките на Украина, им оддаваме почит на сите што го дадоа својот живот за нашата слобода
Од 2014 год. руската агресија одзема животи на Украинците
Секоја загуба – тоа е болка што потсетува на страшната цена на слободата pic.twitter.com/xnZUOZXhkm

— Larysa Dir (@dir_larysa) August 29, 2025

Потој повод, од украинската амбасада во Северна Македонија излегоа со соопштение до јавноста, во кое се вели:

На 29 август во Украина се одбележува Денот на сеќавање на бранителите на Украина кои загинаа во борбата за независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Овој ден е воспоставен со Указ на Претседателот на Украина од 23 август 2019 година бр. 621 за овековечување на херојството на војниците и доброволците кои ги дадоа своите животи за татковината.

Вооружената агресија на Русија против Украина започна на 20 февруари 2014 година, кога беа забележани првите случаи на прекршување од страна на вооружените сили на РФ, спротивно на меѓународно-правните обврски на Руската Федерација, на редот за премин на државната граница на Украина во реонот на Керченскиот Теснец. Тогаш Русија ги искористи своите воени формации, дислоцирани во Крим согласно Договорот меѓу Украина и Руската Федерација за статусот и условите за престој на Црноморската флота на Руската Федерација на територијата на Украина од 28 мај 1997 година, за блокирање на украинските воени единици. Во почетната фаза на агресијата дел од рускиот воен персонал немаше ознаки за препознавање. Така во февруари–март 2014 година, со заземањето на Кримскиот полуостров започна современата војна на Русија против Украина. Овој факт го забележа украинскиот парламент во својата изјава „За отпор кон вооружената агресија на Руската Федерација и надминување на нејзините последици“ од 21 април 2015 година и меѓународните судови. Посебно, Европскиот суд за човекови права потврди дека РФ воспостави контрола над Крим од 27 февруари 2014 година.

Датумот за оддавање почит на бранителите на Украина кои загинаа во борбата за независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина не е избрана случајно. Токму на овој ден, 29 август 2014 година, руските трупи ги нападнаа колоните украински војници при нивното извлекување од опколувањето кај Иловaјск преку таканаречениот „зелен коридор“, даден од Русите. Украинските воини покажаа херојство и отпор кон непријателот, но претрпеа големи загуби.

Овој ден исто така треба да им напомни на сите за подмолноста и вероломноста на рускиот агресор, за тоа дека преговори со терористи и убијци не водат кон запирање на борбите, туку носат смртоносна опасност. Денес цивилизираниот свет треба да разбере дека на Русите не може да им се верува.

Украина веќе повеќе од 11 години води вооружена борба за независноста и територијалниот интегритет против рускиот агресор. За тоа Украинците плаќаат извонредно висока цена. Но додека трае борбата, не можеме да ја знаеме точната бројка на загинати, да ги наведеме сите по име или да ги раскажеме сите херојски или трагични приказни. Сепак, украинското општество ќе вложи максимум напори за загинатите Херои и Хероини да не останат во нашата меморија како апстрактен лик или како бројка на загинати, туку да добијат заслужена почит. За нашата меморија за нив да биде жива, светла и вечна, стои во соопштението на украинската амбасада.

Слава на Украина!  Слава на Хероите!

Д. Мишев / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Денот на сеќавање на бранителите на Украинаруска агресија врз УкраинаУкраинска амбасада во Северна Македонијаукраинска амбасадорка Лариса Дир
Next Post

Како да ја најдете својата предност за паметно коцкање

НАЈНОВО

СДСМ: Нови злоупотреби во ОИК Кратово, трудов инспектор а работи за ДПМНЕ, ДИК да реагира

October 15, 2025
Фото: Кабинет на претседател

Сиљановска Давкова: Очекувам мирна изборна атмосфера, од кампањата не може да направам разлика за какви избори се работи

October 15, 2025
Фото: МИА

Мисајловски: Подготвени сме да ја поддржуваме Украина, но мора да се грижиме и за нашата Армија

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се подобрува ли здравствената состојба на Михаил Шумахер

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk