ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мониторинг на ЦИВИЛ: РИА Новости – координатор на руските дезинформации во земјава и регионот

August 29, 2025 14:56
in АНАЛИЗИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

По масивниот напад со беспилотни летала и ракети на московските сили врз Украина во текот на ноќта на 28 август, насочен кон Кијив, во кој беа погодебии станбени области, при што загинаа најмалку 23 лица, меѓу кои четири деца, а беа повредени 63 други, меѓу кои 11 деца и и беа погодени седиштата на ЕУ и Британскиот совет, пропагандната машинерија на Кремљ се стави во погон во обид да ги оправда руските смртоносни напади врз цивилни цели.

Главен руски „играч“ во овие настојувања е провладината РИА Новости, со своите подружници надвор од Русија, каде меѓу најприемчиви за руските пропагандни наративи се покажаа медиумите на  Балканот, вклушително и во Северна Македонија.

Како што забележа Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридни закани, (ЦХТМ), во дел од медиумите во земјава и во соседството, се дистрибуира вест на РИА Новости (која впрочем е забранета за реемитување кај нас), па така, со наслови како „Русија убила НАТО офицери?“ во македонските медиуми,

и истиот преведен на српски „Rusija ubila NATO oficire?“ во соседна Србија, убиствата на цивили и разрушените цивилни станбени објекти лажно се прикажува како напад врз командни и логистички пунктови на украинската армија во Кијив и околните предели.

Пренесените руски наративи прикажуват дека цел на ударите биле складишта со оружје, бази на украинските единици, како и клучни комуникациски и командни центри, каде, според непотврдена информација, во еден од штабовите биле затекнати 25 украински офицери и околу десет претставници на НАТО, при што биле уништени значителен број украински војници, вклучително и странски платеници.

Секако, извор од каде домашните и медиумите во регионот ја преземаат оваа (дез)на информација е, се разбира, прорежимската пропагандистичка агенција РИА Новости, која се повикува на коориднаторот на проруското нелегално движење во Николаев, Сергеј Лебедев.

Се чини дека овие медуми не ги погледнале иладниците потресни фотографии и видеа од масакрот кој го извршија руските агресори врз Кијив, и не ги прочитале реакциите со осуда кои дојдоа од целиот демократски свет, за да можат со таква леснотија да ги шират нарачаните руски манипулативни и пропагандни наративи.

Зголемената руска пропаганда во дел од македонските медиуми во пресрет на локалните избори има повеќекратни цели, кои се во корелација во пошироката стратегија на Кремљ за влијание во Европа, на Балканот, вклучително и во Северна Македонија, членка на НАТО и претендент за влез во ЕУ, при што се стреми да ги прикаже ЕУ како лицемерна, корумпирана или непријателски настроена, а НАТО како „окупатор“, со што треба да го ослаби кредибилитетот на овие институции кај граѓаните.

Целта на зголеменото присуство на руските пропагандни наративи е создавање амбиент на недоверба, нестабилност, назадување на демократските процеси и забавување на евроатлантските интеграции, со што Северна Македонија би останала подложна на руско влијание и ранлива за идни геополитички игри.

Драган Мишев, во соработка со Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридните закани (ЦХТМ)

Преземено: Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: проруски македонски и српски медиумиРИА новостируска пропаганда и дезинформации
Next Post

Притворен уште еден осомничен од групата против која се води истрага за злосторничко здружување

НАЈНОВО

Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд

October 15, 2025
Фото: Фон дер Лајен / X

„Топката е во вашиот двор“ – Урсула фон дер Лајен со порака до Владата за уставните измени и членството во ЕУ

October 15, 2025
Фото: МИА

Значително oштетен споменик на културата во Струга при ископ за изградба на соседен објект

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставен суд ја отфрли иницијативата на Левица за оспорување на Упатството на АВМУ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 15 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk