ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ДУИ: Владата нема политичка волја за уставни измени и ги напаѓа темелите на Охридскиот договор

August 31, 2025 11:11
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Последните изјави на владините претставници дека „една година не е доволна за уставните измени“ се доказ за недостаток на политичка волја и за неуспех на оваа влада да ја води државата кон европската интеграција и да го почитува самиот Охридскиот мировен договор, стои во соопштението на ДУИ.

„Од првиот ден на мандатот, покрај блокирањето на европската перспектива, оваа влада и нејзините партнери ги напаѓаат темелите на еднаквоста и Охридскиот мировен договор:

• го укинаа балансерот, со што го нарушија правичнотот застапување на Албанците и другите заедници;

• ја девалвираа Охридската рамковна спогодба доверувајќи ја нејзината имплементација на личности со антиалбански и антиевропски ставови, како Иван Стоилковиќ;

• ја избришаа дијаспората од политичкото претставување и го намалија бројот на Албанците во официјалните статистики;

• не го почитуваат службеното користење на албанскиот јазик и го девалвираа Инспекторатот за јазици и Агенцијата за примена на јазиците.

Денес, покрај неуспехот со уставните измени, оваа влада отвора нови фронтови против механизмите на еднаквост како Бадентеровото мнозинство – еден од најсилните уставни столбови што гарантира меѓуетничка стабилност, вистинска еднаквост во државата и заштита од мајоризација. Секој обид за релативизирање или преиспитување на Бадентер претставува обид за враќање на државата назад во исклучување и дискриминација.

Сведоци сме дека сè повеќе се шират опасни идеи што ги претставуваат оние кои веруваат дека мултиетничките држави не функционираат и дека треба да се градат етнички држави. Овој пристап се манифестира во два правци: преку ударите врз Охридскот мировен договор, кои ја рушат внатрешната еднаквост, и преку блокирањето на европскиот пат, што ја изолира државата и ја враќа назад.

Демократската унија за интеграција останува политичка сила која го бранеше и ќе го брани Охридскиот мировен договор, евроатлантскиот курс на државата и достоинството на граѓаните. Албанците нема да дозволат враќање на државата во неправда и исклучување. Октомври е близу, а народот ќе зборува гласно. Часот на политичка и правна одговорност се приближува. Охридскиот мировен договор не се допира, еднаквоста не се преговара“, се наведува во соопштението од ДУИ.

Tags: ВладаДУИ
Next Post

Шукова и Битиќи со граѓаните за чисто и одржливо Скопје

НАЈНОВО

Скриншот

Данил Медведев и тренерот Жил Сервара ја прекинаа осумгодишната соработка

September 1, 2025

Хамилтон по Големата награда на Холандија: Тежок резултат, но се движиме во вистинска насока

September 1, 2025

Чешка се соочува со огромен број дезинформации пред изборите

September 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Според Пандов, Тодор Александров е еден од славните македонски синови – одбележани 101 година од убиството на контроверзниот историски лик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албански симболи како мета – институционална немоќ или политичка калкулација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фабрицио Романо: Донарума се пресели во Манчестер сити за 39 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судскиот совет ги избра новите судии за Апелациониот суд Скопје и за претседател на Основен суд Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk