Синоќа во Битола заврши културното лето „БитФест“ кое почна на 26 јуни, а беше заокружено со спектакуларен проект „Bitola Art Mapping”, со 3Д мапинг, музика и интерактивни инсталации.
Публиката од градот, државата и странство следеше серија на културни настани организирани од Општина Битола низ кои како што велат од локалната самоуправа, се славеа македонската музика, култура и традиција.
-Годинешниот „БитФест“ отвори простор за младинска креативност, за театарска уметност, за врвни класични изведби и за содржини посветени на најмладите. Посебна гордост се настаните што оставија траен впечаток, односно спектакуларниот концерт на Армин ван Бурен на Стадионот, фестивалот „Илинденски денови“, „Широк Сокак во бело“, „Битолино“, „Локум фест“ и многу други, соопштија од „БитФест“.