ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кривична пријава за петмина вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за злоупотреба на службената положба

September 4, 2025 09:55
in ДЕНЕС, ХРОНИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Кривична пријава е поднесена против петмина вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство  за „злоупотреба на службена положба и овластување“, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

– Секторот за внатрешни работи – Куманово поднесе кривична пријава против Р.Е.(51) од село Слупчане, општина Липково, З.А.(59) од Скопје, Н.Б.(61) од Битола, А.Б.(59) од Скопје и С.К.(58) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. На 30.05.2024 била извршена контрола во просториите на Агенцијата за храна и ветеринарство – Подрачна единица Куманово и од извршениот увид во списоците за редовност, било констатирано дека првопријавениот – вработен во Подрачната единица – Куманово на работно место помлад референт-архивар, во периодот од 01.12.2018 до 30.04.2024 воопшто не доаѓал на работа, а редовно примал плата и придонеси од буџетски средства, појаснуваат од МВР.

Второпријавениот З.А., вршител на должноста директор на Агенцијата за храна и ветеринарство до 14.12.2020, како што се наведува во соопштението, свесно дозволил првопријавениот да прима плата и придонеси, иако не ги извршувал своите работни задачи.

– Третопријавениот Н.Б., вршител на должноста директор во Агенцијата за храна и ветеринарство, од 15.12.2020 до 03.07.2024 дозволил да се продолжи со исплатата на плати на Р.Е., кој не се појавувал на работа во текот на целиот свој работен ангажман. Четвртопријавениот А.Б., на работно место раководител на Одделение за финансиски прашања во Аагенцијата, во периодот од декември 2018 до април 2024 година, без да изврши соодветна проверка на редовноста, потпишувал финансиски извештаи и одобрил исплата на месечните плати и придонеси на првопријавениот, иако не бил во списоците за присутност, додаваат од МВР.

Петтопријавениот С.К., вработен како раководител на Одделение во агенцијата, од декември 2018 до април 2024 година, според соопштеното, не презел мерки за спречување на незаконитата состојба во врска со првопријавениот.

– Со ваквите дејствија на првопријавениот противправно му биле исплатени 1.159.081 денари, а државниот буџет бил оштетен за сума од 1.682.759 денари, истакнуваат од МВР.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: АХВМВР
Next Post
Скриншот

Откриенo видеото што недостигаше: Нови прашања околу смртта на Џефри Епстајн

НАЈНОВО

Намален бројот на барања за азил во ЕУ, Германија повеќе не е главна дестинација

September 8, 2025

Летонија нареди 841 руски државјанин да ја напуштат земјата

September 8, 2025

Петмина повредени во сообраќајка на патот Мавровска крстосница – Гостивар

September 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Петмина повредени во сообраќајка на патот Мавровска крстосница – Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Атанасовски за Сител: Очекувам победа на Герасимовски во Центар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија со вмро е како проститутка на масажа во салонот на Мевосекот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поголемиот дел од светот ќе види 82-минутна „Крвава Месечина“ овој месец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk