Фудбалерот на Реал Мадрид, Трент Александар-Арнолд, откри како ја донел одлуката да се приклучи на мадридскиот клуб.
Во летото 2025 година, 26-годишниот Англичанец му се приклучи на Реал Мадрид од Ливерпул како слободен играч на трансфер-пазарот.
– Тоа беше една од најтешките одлуки во мојот живот. Ливерпул е мојот дом, ме направи тоа што сум. Но, Мадрид се чувствуваше како вистински потег во вистинско време. Тоа беше амбиција и лична желба за промена. Да се тестирам во нова средина. Секако, наследството на Реал Мадрид е неоспорно. Но, она што ме привлече уште повеќе беше мојата амбиција и желба да се тестирам во нова средина. Е предизвик, но го прифаќам. Играњето на „Бернабеу“ е свето. Ја чувствуваш тежината на дресот, но тоа е она што те тера да дадеш сè од себе, изјави Трент за „GQ Spain“.
Досега оваа сезона, дефанзивецот одигра три натпревари за Реал во Ла Лига.