ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Каја Шукова го повикува Орце Ѓорѓиевски на јавно соочување за Вардариште

September 4, 2025 13:07
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Кандидатката на СДСМ за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова го повикува кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски на јавно соочување за Вардариште.

Доста беше бегање од одговорност. Доста беше глумење на ВМРО ДПМНЕ за да ја покријат сопствената нестручност и да ја лажат јавноста дека градоначалниците немаат надлежност за екоцитот Вардариште. Законот е јасен – отпадот е локална надлежност! ВМРО ДПМНЕ четири години ја игнорираа својата обврска да го решат овој проблем Да зборуваме со факти и словото на Законот, изјави Шукова.

„Градоначалниците се директно одговорни за:

Управување со комуналниот и комерцијалниот отпад;

Јавната чистота и расчистување на напуштен отпад;

Донесување мерки и акти за селекција, транспорт и контрола на отпадот;

Реализација на проекти за подобрување на состојбата со отпадот;

Задолжителна соработка со други општини и Градот Скопје.

Орце Ѓоргиевски и ВМРО ДПМНЕ или го немаат прочитано законот за управување со отпад, или свесно го игнорира за да ја префрлат вината кога јас бев министер за животна средина. Тоа само зборува колку Ѓоргиевски е неук, а сака да раководи со Скопје. Граѓаните имаат право да знаат зошто Вардариште денес изгледа како црна еколошка дупка. Наместо претоварна станица, таму имаме отворена депонија и чести пожари. Тоа е директен резултат на НЕработата на градот, односно на неспособноста на ВМРО ДПМНЕ и нивната Данела Арсовска.

Јас и СДСМ знаме како да го решиме Вардариште.

Итно оградување и 24-часовен надзор на Вардариште, со расчистување и забрана за пристап. Потоа следи изградба на затворена, еколошка претоварна станица со систем за селекција, контрола и транспарентност. Вардариште ќе стане функционална, безбедна локација – а не еко-бомба под прозорите на скопјани.

Го повикувам Орце Ѓоргиевски на јавен дуел пред граѓаните. Нека ги донесе сите негови „аргументи“ дека од Вардариште ќе направи парк. Јас ќе ги донесам фактите, законите и резултатите. Граѓаните ќе судат кој има решение, а кој има само празни ветувања и пропаганда“, истакна Шукова.

Tags: ВардариштеКаја ШуковаОрце Ѓорѓиевски
Next Post

Герасимовски: Бесплатно обезбедување во градинките во Центар од следната година и нови униформи за вработените

EVN

НАЈНОВО

Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

Дневен хороскоп со Анаис – 17 април 2026

April 17, 2026
онкологија

Цаневска: Два месеци недостасуваат клучни лекови, системот во колапс

April 16, 2026

(ФОТО) Силни пораки од протестот на културните работници: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп објави слика со Исус додека конфликтот со папата Лео продолжува да ескалира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анис – 15 април

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белата куќа ги демантира вестите за барање за прекин на огнот со Иран: Пакистан останува единствен медијатор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ и Маѓар за „заеднички кум“ и „Турски тек“ во вербална војна веднаш по изборите во Унгарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новото лого на Мадона покажува дека кралицата на попот сè уште може да предизвика контроверзии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk