ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Законот за правична застапеност – гаранција или уште еден експеримент?

September 5, 2025 10:06
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, МОЗАИК, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ДИЈАНА ТАХИРИ

Делегација на Венецијанската комисија, предводена од потпретседателот Мартин Кујер, ја посети Северна Македонија и имаше средба со претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски и судијката Ана Павловска Данева. Во фокусот на разговорите беше одлуката на Судот У.бр.90/2024, со која беа укинати одредби поврзани со терминот „припадност на заедниците“, меѓу нив и делови од Методологијата позната како „Балансер“.

Укинувањето на алатката „балансер“, со замена на нов Закон за правична застапеност, предизвика разочараност кај голем дел од граѓаните — наспроти фактот што балансерот беше злоупотребуван — но се поставува прашањето дали Законот ќе биде тоа што треба да биде, меѓу другото и поради постојаните препукувања помеѓу партиите од албанскиот блок, коалицијата ВЛЕН и ДУИ.

ВЛЕН и ДУИ во костец околу поранешните и сегашните „дела“ за правичната застапеност

ДУИ оцени дека укинувањето на балансерот претставува „атентат врз темелите на Охридскиот договор“. Потпретседателот на партијата, Арбер Адеми, обвини дека Владата ја крши политичката волја на Албанците и дека се подготвува да го загрози принципот на Бадентеровото мнозинство. Според него, ова не е политички лапсус, туку намерно сценарио за ослабување на правата на Албанците и поткопување на мултиетничката структура на државата. Тој истакна дека Владата ги игнорирала клучните елементи од законот за јазици, ја намалила бројката на советници во општините и ја ограничила застапеноста на албанската дијаспора.

Од друга страна, ВЛЕН обвини дека токму ДУИ две децении го користела принципот на правична застапеност за лични и партиски интереси, вклучувајќи корупција, пазарење и одржување на моќта.

„ДУИ го користеше балансерот за вработување на своите, ние носиме закон што ќе донесе еднаквост и правда,“ се вели во соопштение од ВЛЕН.

Од таму, нагласуваат дека новиот закон ќе воведе јасни обврски за институциите и ќе ја врати довербата кај граѓаните.

Вицепремиерот Изет Меџити изјави дека балансерот не се укинува, туку се унапредува во нова законска рамка, бидејќи досегашната пракса имала „контра-ефект“. Законот, според него, има за цел администрацијата да биде сервис за сите граѓани, изградена врз заслуги, знаење и интегритет, наместо на партиски книшки.

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека новиот закон поставува нов стандард, каде стручноста и интегритетот ќе бидат поважни од партиските книшки, и дека целта е администрацијата да функционира како сервис на сите граѓани, без дискриминација.

Балансерот – гаранција или злоупотреба?

Балансерот долго време функционираше како алатка за регулирање на етничката застапеност во јавниот сектор. Идејата беше да се обезбеди фер пристап на сите заедници, но неговото спроведување често предизвикуваше реакции. Првите критики доаѓаа од граѓаните, кои сведочеа за неправди, на чии укази се приклучи и граѓанскиот сектор и експертите, како и серијата панел дискусии на тема „На чија услуга е балансерот“ на ЦИВИЛ, алармираа за системските пропусти, предупредувајќи дека методологијата овозможува злоупотреби и партиски клиентелизам.

Бележани се многу случаи кога кандидатите пријавувале „друга етничка припадност“ за да добијат предност, како и масовна партизација на институциите. Во таа смисла, за дел од јавноста, балансерот често имал контраефект и не гарантираше вистинска правична застапеност. Сепак, за Албанците и другите помали заедници, тој долго време беше единствената механичка гаранција за фер пристап во администрацијата.

Нов закон: крај на дебатите или почеток на нови предизвици?

Во јуни годинава, Владата го усвои Предлог-законот за соодветна и правична застапеност, кој за првпат го регулира принципот на фер застапеност во системска законска рамка. Законот предвидува секоја институција да го почитува принципот на фер застапеност, а формираното координативно тело предводено од вицепремиерот ќе го следи спроведувањето.

Сепак, со укинувањето на балансерот, иако често злоупотребуван, институциите остануваат без конкретен механизам за пропорционална застапеност. Законот ја префрла одговорноста на политичката волја и остава простор за селективна примена. Дополнително, се создава сомнеж бидејќи ВЛЕН со месеци тврдеше дека „законот е готов“, а всушност неговото креирање беше доверено на контроверзни личности блиски до власта, како што е универзитетската професорка Тања Каракамишева. Ова ја отвора дилемата дали законот навистина е дизајниран да донесе еднаквост или да ја зацементира контролата на новата политичка елита.

Правична застапеност: декларација или реалност?

И покрај официјалните изјави на лидерите, останува прашањето – дали новиот закон навистина ќе гарантира правична застапеност за сите заедници, или станува збор за уште еден политички експеримент, кој ќе остави институциите без реални механизми за контрола и спроведување на принципите на Охридскиот договор?

За јавноста и граѓаните, без конкретен механизам како што беше балансерот, законот ризикува да остане декларативен, оставувајќи простор за селективна примена и нови неправди во пракса.

Новиот закон ја поставува рамката за правична застапеност, но вистинската вредност ќе се мери низ практичната имплементација. Доколку политичката волја и институционалната контрола не бидат силни ( и (не) се злоупотребат), законската декларација може да остане само хартиена гаранција, без реално влијание врз еднаквоста, односно вистинската правична застапеност на граѓаните во јавната администрација.

Преземено: Цивил Медиа


ЦИВИЛ МЕДИА | Ставовите и наодите во овој текст се целосна одговорност на авторите и не нужно ги претставуваат ставовите на донаторите или на другите партнери и соработници на организацијата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

УНИЦЕФ: „Незамисливото“ во градот Газа веќе се случува

НАЈНОВО

Шукова: Независноста е обврска за иднината, потребни ни се функционални институции и храбри реформи

September 8, 2025
Скриншот

(ВИДЕО) Најмалку 5 лица убиени во терористички напад врз автобуска станица во Ерусалим

September 8, 2025

Герасимовски донесе одлука, д-р Алек Савески ќе биде носител на победничката листа за Центар

September 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија со вмро е како проститутка на масажа во салонот на Мевосекот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На 7 септември во Струмица ќе се одржи четвртиот Get EXITed!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Атанасовски за Сител: Очекувам победа на Герасимовски во Центар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каде ќе биде видливо целосното затемнување на Месечината „Крвава месечина“ во март 2025 година?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk