Веќе втора недела Христијан Мицкоски и директорот на АНБ, Бојан Христовски одбиваат да ја декласифицираат документацијата која би требала да го потврди случајот со наводното следење на Мицкоски, се наведува во соопштението на СДСМ од прес-конференцијата на Методија Илиевски.
Не само што власта нема храброст да ја декласифицира спомената документација туку и прави се за да ја саботира работата на надзорната собраниска комисија за работата на АНБ и АР.
Вчерашната седница на надзорната собраниска комисија која треба да ја следи работата на службите мистериозно беше откажана иако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја потенцираа итноста таа веднаш да се одржи.
Од што се плаши Христијан Мицкоски?
Дали Христијан Мицкоски се плаши од содржината на овие документи кои доколку се декласифицирани ќе ги покажат врските на премиерот со странски служби од непријателски држави?
Дали е точно дека оперативната обработка на АР и АНБ која власта одбива да ја декласифицира била во врска со откривање на руски агентурни мрежи, екстремизам и финансирање на дестабилизацијата на државата?
Дали е точно дека Мицкоски иако не бил мета на следење влетал во комуникација со лица кои има за цел да ја десталибизиаат државата, а биле финансирани од странски пари?
Дали дел од овие финансии завршиле лично кај Христијан Мицкоски или во сефовите на Белата Палата?
Основна цел на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање е да ја штитат државата од странски и домашни непријатели.
Дали Мицкоски за торби парииж ги продал интересите на сопствената држава на странски непријателски држави?
СДСМ уште отворено и јавно ја повикува власта на чело со премиерот Христијан Мицкоски, дексласифицирајте ја документацијата затоа што македонската јавност заслужува да ја знае вистината, истакна Методија Илиевски.