Во анализа на политичката сцена пред претстојните локални избори, политичкиот аналитичар Влагојче Атанасовски во гостување во дневникот на Сител телевизија оцени дека ВМРО-ДПМНЕ веројатно ќе оствари победи во неколку скопски општини каде и досега имаат градоначалници, но посебно ја издвојува Општина Центар како исклучок, каде, според неговите очекувања, ќе победи актуелниот градоначалник Горан Герасимовски од редовите на СДСМ.
„Очекувам победа на Горан Герасимовски во Општина Центар и таа победа ќе биде симболично опозициско јадро спроти ВМРО-ДПМНЕ,“ истакна Атанасовски во Сител алудирајќи на политичката стабилност и доверба која Герасимовски успеа да ја задржи кај граѓаните во изминатиот мандат.
Оваа проценка на Атанасовски претставува јасен показател за цврстата позиција на СДСМ и успешното раководење со општината под водство на Герасимовски, кој и понатаму останува препознатлив по отчетна работа и посветеност на интересите на жителите на Центар.