Јани Макрадули преку социјалните мрежи упати критика до актуелната Влада, оценувајќи дека таа ниту ги исполнува дадените ветувања, ниту знае како да се справи со реалните проблеми.
„Полека станува јасно зошто оваа Влада, ниту ги исполнува ветувањата, ниту знае како да се справува со реалните проблеми,“ напиша Макрадули.
Тој саркастично додаде дека наместо работа на решавање на проблемите, власта се занимава со формулирање и разработување тези.
„Ние помисливме дека се гоштеваат со папаји и манга, ама тие учеле, па разработувале тези, куцале на компјутер и го средувале печатењето. (Секако во ова ниту Бране не верува, уствари, хм?),“ стои во неговата објава.
Макрадули најави и „тези“ кои, како што вели, може да се очекуваат од Владата:
- „Оправданоста за застојот на ЕУ процесот со барање на гробот на Александар“
- „Декласификацијата како опасност за паѓање на маските наречени жртви“
- „Одредување на пропорцијата во случајот: колку повеќе падови во РЕК, толку повеќе увоз“
- „Придонесот во олеснување да изградите софтвер, испрограмиран од градежна фирма“
- „Компаративна анализа на дивоградбите во Македонија и Албанија, и зошто Албанија никогаш нема да влезе во ЕУ“
- „Негативното влијание на тешките муабети во спектарот на бои, со посебен акцент на розовата боја“
- „Опасност од нарушување на партнерските односи, кога реалната бројка 12, се претставува како 24“
- „Скандинавски приказни за мали деца и големи гласачи“
„После ова, Шангајската листа на апарати…“ ја заврши својата објава Јани Макрадули.