ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

September 15, 2025 12:52
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Жителите на Трубарево се оставени сами да се справуваат со последиците од опасниот пожар кој избувна во саботата. Никој не им кажува какви токсини дишеле, и дали сега е безбедно да се движат надвор. Тоа што децата ќе следат он лајн настава е уште повеќе збунувачки за нив, и не дава одговор колку е загаден воздухот таму и колку ја загрозува нивната здравствена и еколошка и еколошка безбедност. Наместо институциите на локално ниво да преземат брзи и ефикасни мерки за заштита на населението, гледаме целосно потфрлање и неодговорност, изјави на денешната прес-конференција кандидатката за градоначалник на Скопје од редовите на СДСМ, Каја Шукова.

Таа истакна дека „градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека немаат утврден протокол за справување со еколошки хаварии. Власта на ВМРО ДПМНЕ и на локално и на централно ниво дејствуваше дури по голем притисок на јавноста и медиумите. Не беше јасно кој носи одлуки, општината, град Скопје или централната власт, но откако жителите на Трубарево се изнадишаа опасен и токсичен чад, вечерта сите се појавија да се сликаат“.

Шукова го праша Орце Георѓиевски: Во кое својство беше во Трубарево, како градоначалник на Кисела Вода или како претседател на ЗЕЛС, оти не виде јавноста како помогнал во справување со еколошката катастрофа во Трубарево. Но сите видоа дека дошол на сликање.

„Град Скопје и Општина Гази Баба имаа обврска први да реагираат, но нивната пасивност и незаинтересираност се најдобар показател за неспособноста на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ да се справи со кризни ситуации.

Опасните пожари од депониите со отпад веќе не се проблем на една општина, туку се проблем на Скопје. Повеќе не треба да се чека, населението мора да се заштити. Јас кажав дека имам план краткорочни и долгорочни мерки, како да се решат депониите и проблемот со отпадот. Ова не е политика туку мерки кои веднаш треба да се спроведат за Скопје да стане поздрава и побезбедна средина за сите жители“, истакна Шукова.

 

Next Post

(ВИДЕО) Безбедносните служби не се играчка: Филипче го обвини Мицкоски за „пи-ар драмолетка“ за Трубарево

НАЈНОВО

Фотомонтажа Фронтлајн и Анаис

ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

November 1, 2025
Фото: МВР Србија

Една година од трагедијата во Нови Сад: Со 16-минутна тишина оддадена почит на загинатите

November 1, 2025

„Јон Вардар против Галаксијата“ со белгиска премиера во Бриж

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kога вештачката интелигенција станува режисер: Видео револуцијата со Sora и Gemini

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk