Осум кандидати за градоначалник и 16 кандидатски листи за членови на Советот на Општина Битола ќе се натпреваруваат на претстојните локални избори во најголемата пелагониска општина.
Според првичниот извештај на Државната изборна комисија (ДИК), за кандидати за градоначалник на Битола евидентирани се две жени и шест мажи, односно Габриела Илиевска поддржана од група избирачи и Мирјана Мирчевски од група избирачи и Македонска ера трета, Македонски независни листи суверенисти.
Кандидати за градоначалник на Општина Битола се и Васко Деловски поддржан од група избирачи, Зоран Николовски поддржан од група избирачи и јавно поддржан од политичката партија Левица, потоа Ќире Димов од ТМРО, Јорго Огненовски од партијата Демократи, Методија Куновски е кандидат за градоначалник на коалицијата предводена од СДСМ и Тони Коњановски, кандидат на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО ДПМНЕ.
Државната изборна комисија утврди 16 кандидатски листи за 31 член на Советот на Општина Битола.