ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Тошковски: Светот се соочува со традиционални закани, но и со сајбер војни, злоуотреба на технологогија, екстремизам и дезинформации

September 22, 2025 13:01
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Се наоѓаме во клучен момент од нашата историја кога безбедносните предизвици повеќе не се ограничени само на традиционалните закани како што е организираниот криминал, трговијата со дрога и корупцијата, туку се преплетуваат со нови и се посложени опасности, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на отворањето на ретренинг Конференција на европскиот огранок од Асоцијацијата на националната Академија на Сојузното биро за истраги (ФБИ), што започна денеска во Скопје.

-Денес сме сведоци на појава на сајбер закани и сајбер војувања, злоупотреба на технологија, традиционален екстремизам и претворање на дезинформациите во оружје што ја менува природата на безбедносната средина што ја работиме. Оваа реалност не бара од нас само будност и реактивност, туку визија и подготвеност да ги преиспитаме старите модели, да прифатиме иновации и да создадеме подлабока и поквалитетна меѓународна соработка, рече Тошковски.

Од нас, потенцира тој, се очекува да бидеме агилни и екслузвни, да размислуваме однапред и да градиме политики и практики што ќе бидат доволно флексибилни за да одговарат не денешните предизвици но и доволно стратешки за да ги предвидат оние кои допрва доаѓаат.

-Истовремено не смееме да заборавиме дека колку и да се развива технологијата нашите основни вредности мора да останат цврсти и недопрени. Како полицајци и професионалци во областа на безбедноста сите ние имаме заедничка мисија да му служиме на народот и да ја штитиме државата. Оваа конференција е можност не само за размена на искуства и идеи, туку и за обновување на нашата заедничка посветеност кон вредностите што не обединуваат како што се заштитата на граѓаните, јакнење на владеење на правото и зацврстување на довербата во институциите, рече Тошковски.

Истакна дека колку и да се развива технологијата нашите основни вредности мора да останат цврсти и недопрени.

-Како полицајци и професионалци во областа на безбедноста сите ние имаме заедничка мисија да му служиме на народот, и да ја штитиме државата. Сите ние доаѓаме од различни краишта но нашата мисија е иста – безбедноста нема граници, заканите се транснационални, а одговорот мора да биде заеднички. Токму затоа сме овде, да размениме искуства, да учиме едни од други, да изградиме партнерства, што ќе не направат посилни. Оваа конференција е можност секој од нас активно да придонесе, да ги сподели своите искуства, и да гради партнерства што ќе траат и по нејзиното завршување, заклучи Тошковски.

На отворањето на Конференцијата говореше и Вилијам Габон, претседател на Асоцијацијата на националната Академија на ФБИ.

Габон истакна дека Скопје е историски град кој што се наоѓа на крстосница и каде историјата шепоти од неговите камења а иднината зависи од оние што се посветени на правдата, соработката и најважно пријателството. Овој собир, рече тој, е посветен на поврзување со професионалци кои размислуваат слично во Европа и светот.

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев на конференцијата истакна дека ФБИ е повеќе од Агенција што го спроведува законот, тоа е семејство на истражители, луѓе кои дејствуваат национално, транснационално, глобално.

-Сите ние сме тивките херои кои им пркосат на заканите, ги погледнуваат право во очи и не се повлекуваат, туку им се спротивставуваат со знаење, тактика и храброст. Нашата заедничка битка е сериозна – да ги фатиме лошите момци, оние кои не им значат вредностите на системот, оние кои не ги почитуваат законите, туку единствено имаат цел да остварат профит, истакна Јанев.

Јанев посочи дека сите ние преку силна поврзаност и меѓусебна комуникација, лична, непосредна и преку официјалните канали што ги имаме на располагање, можеме да ја покажеме нашата синергија, обединетост и сила во борбата против криминалот што се обидува да го наруши мирот насекаде во светот, додавајќи дека глобалните закани денеска се пософистицирани од било кога и не познаваат граници, држави и континенти.

-Од тероризмот и организираниот криминал преку трговијата со луѓе и криумчарење на дрога и оружје, до сајбер криминалот и злоупотреба на вештачката интелегенција, сите овие предизвици бараат од нас постојана будност, адаптабилност и силна меѓународна соработка. Само преку единство, заеднички акции и брза размена на информации, можеме да изградиме ефикасен штит од овие закани, заклучи Јанев.

Заменик-амбасадорката на САД во земјава Никол Варнс истакна дека овој настан има посебно значење бидејќи се одржува во годината кога се одбележуваат 30 години дипломатски односи меѓу САД и Северна Македонија и во Скопје, град којшто поврзува култури и богата историја.

-САД во овие 30 години стојат рамо до рамо со оваа земја, за јакнење на институциите, модернизирање на одбраната. Заедно имаме уште работа во обезбдување на границите, борба против организираниот криминал, тероризмот, спречување на кибер нападите и нашата работа во сето ова зависи од меѓусебната соработка. Криминалот не застанува на границите и затоа нема да застанеме и ние, порача Варнс.

Конференцијата се одржува од 20 до 24 септември во Скопје.

Next Post

Двегодишна условна казна за онкологот Пешевска, го призна делото „несовесно лекување“

Shortcut

Најново

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

ЦИВИЛ – БРИФИНГ ЗА ВОЈНАТА ВО СЕНКА: Ескалација на нападите врз системите за поддршка на Украина

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026
Тернопил, 15 октомври 2026 (ДСНС)

Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk