Порше 911 Турбо С официјално стана хибриден за 2026 година, и е побрз, помоќен и поскап од кога било досега. Со 701 коњски сили благодарение на новиот T-Хибрид систем, автомобилот добива 61 коњска сила во однос на претходниот модел и забрзува од 0 до 100 км/ч за околу 2 секунди. Порше тврди дека максималната брзина е 321 км/ч и постави време од 7:03.92 на Нирбургринг Нордшлајфе, 14 секунди побрзо од претходната 991 генерација.
Ова е вториот модел од генерацијата 992.2 што ја користи хибридната технологија, по 911 ГТС. Но, за разлика од ГТС со една турбина, Турбо С добива две турбини во новиот 3.6 литри шестцилиндричен мотор со кој не само што ги зголемува перформансите, туку и ги исполнува построгите правила за емисии, при што инженерите на Порше успеваат да соберат повеќе моќност, а моторот да работи поекономично и почисто.
И покрај тоа што хибридот додаде скоро 100 килограми, Порше вложи големи напори за да ја држи тежината под контрола, вклучувајќи титаниумски издув, па дури и опционални рачки за бришачи од карбон фајбер. Шасијата е исто така надградена со нов електро-хидрауличен активен систем на суспензија за поостро управување, заедно со масивни карбон керамички сопирачки и пошироки задни гуми за да се задржи целата таа моќ под контрола. Овој модел исто така добива и редизајниран дифузер и ново задно крило.
Дизајнерските измени се суптилни, во согласност со еволутивниот пристап на Порше. Но, вистинската приказна е како се чувствува: погласно, поостро и брутално брзо.
Сето ова доаѓа со висока цена. Турбо С за 2026 година започнува од 272.650 долари за купето и 286.650 долари за кабриолетот, а продажбата започнува следната пролет. За оние кои можат да си го дозволат тоа, Порше ветува автомобил кој е елегантен, употреблив секој ден, а сепак најбрзиот 911 што можете да го купите.





