ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Претседателката реши да го замете дворот на ЕУ, наместо прво да погледне во својот

September 26, 2025 14:58
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ
Фото: Кабинет на претседател

Фото: Кабинет на претседател

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ДРАГАН МИШЕВ

Претседателката Сиљановска – Давкова на приемот за лидерите од Западен Балкан што го приреди високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас, ја повтори мантрата за двојни стандарди што ги манифестира ЕУ, која сосема кореспондира со наративите на партијата чиј кандидат беше на претседателските избори, дека виновна е ЕУ, нели, и сите останати, само не и ние.

Продолжувајќи да дели лекции на европските функционери, претседателката, која патем, од летниот распуст во вилата во Охрид речиси директно летна во Њујорк, не осврнувајќи се на тековните проблеми со кои се соочуваат граѓаните во земјата каде што е претседателка, таа реши да замете во туѓиот двор, да им укаже дека треба да стават крај на, според неа, нивните двојни стандарди, карајќи ги дека тоа не е европски манир, не е европска пракса, не би требало да биде европска пракса … веројатно поттикната од европските манири со кои се служат таа и функционерите на власта кои ја кандидираа.

Значи, за мене е антиевропско однесување, но тоа постојано се практикува во Европската унија, кажа како ја замислува ЕУ претседателката Сиљановска – Давкова.

Давкова, на крајот, се иззема себе и Владата од понатамошни чекори кои треба да би преземе Северна Македонија за да го придвижи процесот на пристапување кон ЕУ, како ветените  уставни измени, и префрлајќи ја топката во дворот на Унијата, таа нареди:

На потег се тие!

Демек ние нашето го завршивме, не барајте веќе ништо од нас, и клекнете на колена да не молите да влеземе во ЕУ.

Изјавите на претседателката веќе ги надминуваат и капацитетот и способностите на нејзиниот кабинет, вклучително и на кабинетот на Владата со сé МНР, и сé повеќе звучат како да се пишувани некаде посеверно од Северна Македонија, како на пример во кабинетот на Вучиќ во Белград.

А преку Белград , патот низ Будимпешта води до…

Преземено: Цивил Медиа


ЦИВИЛ МЕДИА | Ставовите и наодите во овој текст се целосна одговорност на авторите и не нужно ги претставуваат ставовите на донаторите или на другите партнери и соработници на организацијата.

Next Post

Најмалку два странски јазици учат 6,4 отсто од основците и 59,5 проценти од средношколците во ЕУ

НАЈНОВО

Фото: Македонски народен театар

Во МНТ премиера на претставата „Варвари“ во режија на Владимир Милчин

November 13, 2025

Недела на јапонски филм во Кинотека

November 13, 2025
Фото: МСУ

„Истокот e сè уште можен“ – интернационална групна изложба во Музејот на современата уметност

November 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

    Руската сенка врз Балканот – хибридна војна преку криминални мрежи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилни буџети, нестабилни приоритети – општините во фискален парадокс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што треба да се случи за пожарникарите го добијат тоа што одамна им следува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Евростат: Просечната плата во ЕУ порасна за 5,2%, најниска во регионот е во Бугарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk