ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Во Скопје почнува 19. издание на „Скупифестивал“

September 29, 2025 10:21
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Фото: „Скупифестивал“

Фото: „Скупифестивал“

Share on FacebookShare on Twitter

Меѓународниот театарски фестивал „Скупифестивал“ почнува вечер и ќе трае до 4 октомври. Годинава, 19. издание по ред се одржува под мотото „На крајот, секоја маска мора да падне“ во просториите на Албанскиот театар – Скопје.

Свеченото отворање ќе почне вечер од 20 часот со изведба од Националниот театар на Косово. Со преставата „Брак“ од авторот Витолд Гомбрович во режија на Норберт Раковски и улоги: Арменд Смајли, Иљбер Барди, Менсур Сафќиу, Шеќерие Бучај, Шкљзен Весели, Ера Балај, Адурим Деми.

Утревечер во истото време ќе се одигра претставата „Тврдина“ од авторот Меша Селимовиќ во режија на Андреа Беналјо и во продукција на АтелјеркунчеоН од Бергамо Италија.  Улоги: Андреа Беналјо, Винченцо Лонгарети, Гаја Бономи, Алина Фофанова, Мирко Таска, Срдан Ерак, Теодора Пајич.

Во среда од 19 часот на ред е „Жената на Макбет и јас 2.0“, со автор и интерпретација на Мирел Кнез и режија на Ник Упер, во продукција на Глобал театар, Љубљана, Словенија. Од 20:30 часот пак, следува „Бес за двајца или повеќе“ од Театар Хера, Истанбул, од авторот Ежен Јонеско во режија на Сенем Џевхер и во улоги на Озкан Озен, Бесте Озен, Огуз Каан Кахраман.

На 2 октомври, четврток, во 20 часот, гостува „Дон Жуан“ од Жан Батист Молиер, во продукција на народен театар од Ниш. Во режија на Васил Василев и во улоги на Дејан Лилиќ, Драгиша Вељковиќ, Маја Вукојевиќ Цветковиќ, Андрија Митиќ, Урош Милојевиќ, Катарина Митиќ Павловиќ, Наталија Јовиќ, Данило Петровиќ, Марјан Тодоровиќ, Милош Митровиќ.

Додека во петок во 19 часот, ќе се одржи перформансот „X“ од независниот театар Јалта Арт Рум од Софија, автор и режија на Бојан Крачалов, во интерпретација на Васил Дуев – Туиг. Истата вечер во 20:30 часот гостува претставата „Медеа“ од Еврипид од Народен театар „Иван Вазов“ – Софија, во режија на Деклан Донелан и улоги Радина Карџилова, Велислав Павлов, Валентин Ганев, Асен Данков, Јавор Валканов, Стелиан Радев, Вера Табакова, Радена Валканова, Жорета Николова, Стефанија Колева, Елена Иванова, Надја Керанова, Ана Пападопулу и две деца – актери.

На последниот ден од фестивалот, во сабота во 20 часот, ќе се одржи преставата „Половина – животот на Марија Кири“. Автор – Лаурен Гундерсон, режија – Армела Демај и во улоги: Уљка Мујо и Армела Демај. Продукција: театар Метропол од Тирана, Албанија.

– Во оваа едиција на фестивалот, во жири ќе бидат актерката од Албанија, Замира Кита, новинарката за култура Сребра Ѓорѓијевска и актерот Адриан Азири. Тие ќе одлучат за наградата, најдобра претстава на „Скупифестивал“ 2025 година, се наведува во соопштението.

„Скупифестивал“ е поддржан од Министерството за култура и туризам, преку Годишната програма за култура за проекти од национален интерес.

– И оваа едиција ќе се одржи во просториите на Албански театар – Скопје.  Директор на фестивалот е Музбајдин Ќамили, претседател на уметничкиот совет – Сенко Велинов, уметнички директор – Осман Ахмети , членови – Куштрим Бектеши, Бетим Зекири, координатор – Џанер Мусиќ, изработка на видеоматериали – Бетим Зекири. И оваа година за дизајнот на  „Скупифестивал“ се погрижи Eggra, се појаснува во соопштението.

Tags: Скупифестивал
Next Post
Фото: „Кинотека“

„Македонска крвава свадба“ во октомвриската програма на „Кинотека“

EVN

НАЈНОВО

Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026
Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk