ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Застој во Европскиот парламент: Европратениците не успеаја да се договорат за пакетот мерки против бирократијата

October 1, 2025 12:50
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеничките групи во Европскиот парламент на седница што траела до доцна синоќа не успеаја да постигнат договор за предлог-документот за намалување на административните барања за корпорациите, кој е дел од т.н. омнибус за поедноставување, предложен од Европската комисија со цел намалување на бирократските процедури во ЕУ.

Ова дополнително го поттикна незадоволството на Советот на ЕУ и на Европската комисија, чии претставници го обвинуваат Европарламентот дека го забавува усвојувањето на пакетот регулативи предвидени со омнибусот и дека ги поткопува напорите за намалување на бирократијата.

Европратениците ги отфрлаат ваквите обвинувања, нагласувајќи дека со предлог-омнибусот треба да се преработат „цел куп закони“ на ЕУ донесени од 2019 година, што, според нив, не е едноставно. Тие потенцираат дека предлозите на Комисијата се обемни и опфаќаат повеќе ресори, што предизвикува полемики меѓу парламентарните комитети околу надлежностите за одредени предлог-документи, со што постапката за нивно усвојување би можела да се одолговлече со месеци, а при тоа да се занемари дебатата за нивната суштина.

Дополнително, дел од европратениците забележуваат дека предложените мерки во голема мерка се во корист на големите бизниси, како и дека дел од нив се спроведуваат под притисок на Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Извори во ЕП посочуваат дека усвојувањето на предлогот на синоќешниот состанок заглавило поради несогласувања меѓу претставници на партиските групи од т.н. проевропско парламентарно мнозинство. Според истите извори, Европската народна партија (ЕПП) се заканила дека би можела да побараа поддршка од десничарските и екстремно десничарските групи за усвојување на предлогот, со што би прифатила некои од нивните иницијативи за дополнително олеснување на постапките и „дебирократизација“.

Но, и покрај овој застој, претставници на пратеничките групи се уште се оптимисти дека е остварлива целта за усвојување на омнибусот до крајот на годината.

Медиумите во Брисел проценуваат дека ваквиот застој пред се е показател за актуелната фрагментираност во Европскиот парламент, кој по ланските евроизбори „сврти в десно“ со значително зголемување на бројот на европратеници од редовите на десницата и екстремната десница, на сметка на зелените и пред се на либералите, кои се дел од т.н. проевропско мнозинство заедно со ЕПП и Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД).

Партите од ова мнозинство, кои ја поддржуваат Европската комисија, на почетокот ја поздравија и поддржаа нејзината иницијатива за пакетот мерки за административно поедноставување, но сега социјалдемократите сметаат дека дерегулацијата не треба да се спроведе по брза постапка.

Претседателката на СД, шпанската европратеничка Ираче Гарсија Перез вчера изјави дека нејзината група е подготвена за постигнување договор за омнибусот, но дека тие измени не смее да бидат на сметка на човековите права и животната средина.

Ваквиот застој пред се создава проблеми за Европската комисија и нејзината претседателка Урсула фон дер Лајен, кои се под притисок на земјите членки за забрзување на постапката за намалувањето на бирократијата. Меѓу нив меѓу погласните е германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој во пресрет на денешниот неформален Самит на ЕУ во Копенхаген изрази загриженост поради бавното спроведување на препораките од извештајот на поранешниот италијански премиер Марио Драги за потребните реформи во Унијата за зајакнување на нејзината конкурентност, меѓу кои еден од клучните предлози е и административното поедноставување.

Медиумите оценуваат дека во вакви услови ЕПП, од чии редови се и Фон дер Лајен и Мерц, како и половина од еврокомесарите и членовите на Советот, би можела да бара нови сојузништва меѓу десничарските партии, кои се понаклонети кон реформите од омнибусот од левицата, или пак да ја искористи таквата можност како закана кон своите партнери од проевропското мнозинство, со цел да ги натера ретерираат во некои од своите барања и да го забрзаат процесот на усвојување на правилата за поедноставување.

Tags: Европски парламентЕУ
Next Post

Еден златен и два бронзени медали за Македонија на Балканската олимпијада по информатика во Удине

НАЈНОВО

Скриншот

Нетанјаху и министрите ги осудија радикалните израелски доселеници за нападите на Западниот Брег

November 18, 2025
ФОТО: ФФМ

Македонската фудбалска репрезентација гостува кај Велс во обид да избори бараж за СП 2026

November 18, 2025
Папа Лео XIV Фото: Скриншот

Папата Лав XIV ги критикува земјите на КОП30: Недостасува „политичка волја“ за справување со климатската криза

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со д-р Благица Петрески: Буџетот за 2026 година е изграден врз нереално високи проекции на приходи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk