Поп-пејачката ја продолжува традицијата на „тајни кодови“ и „загатки“ во своите уметнички дела. Албумот е инспириран од нејзината рекордна турнеја „Ерас“, којашто ѝ донесе 2 милијарди долари од продажба на влезниците. Свифт го опиша тоа како „најрадосниот и најдраматичен период“ од нејзиниот живот, ветувајќи „вистински хитови“. На снимките се јавуваат и шведските продуценти Макс Мартин и Шелбек, кои работеа со неа на песните „Shake It Off“ и „22“.
Паралелно, предвидени се и кинопроекции на снимки од зад сцената и музички видеа, од коишто се очекува приходите да достигнат 50 милиони долари. „Танцувањето е по избор, но е препорачливо“, напиша Свифт на шега на својот инетрнет-простор.
„Шоугрл“ е веќе најпретплатениот албум во историјата на „Спотифај“, надминувајќи го рекордот на претходен проект на Свифт – „The Tortured Poets Department“. Меѓу уметниците-гости на албумот е и Сабрина Карпентер. Во САД, албумот ќе биде објавен и во специјални винилни изданија.