Спортско – рекреативен зелен појас почнувајќи од Матка, преку езеро „Треска“, Сарај, Кејот на реката Вардар, СЦ „Борис Трајковски“, Градскиот парк, парк – шумата Гази Баба се до Маркова река. За младите тоа ќе биде можност за различни спортски активности, а за сите останати шанса за поквалитетен живот и поквалитетно поминување на слободното време.
Денеска, во рамки на спортско – рекреативниот центар „Сарај“ овој проект го презентираше професорот Горан Марковски, независен кандидат за градоначалник на Скопје поддржан од граѓанската платформа „Независни заедно“, заедно со Јана Белчева Андреевска, носителка на кандидатска листа за советници на Град Скопје од „Независни заедно“ и Умер Мухамеди, кандидат за советник за Скопје.
Новиот спортско – рекреативен појас ќе овозможи дополнително раззеленување на Скопје, како и вистинско облагородување и заштита на јавните простори кои со децении делуваат запуштено.
Професорот Марковски напомена дека здравјето на граѓаните мора да биде приоритет број 1, а секоја мерка и политика треба да бидат во таа насока: почист воздух, вода, почва и многу повеќе уредени зелени површини.
Тимот на „Независни заедно“ продолжува и овој викенд со теренските активности. Денеска кандидатите ќе остварат и средби со граѓани во Капиштец (Општина Центар), при што ќе ги запознаат центарци со програмските решенија за општината и градот Скопје, се нагласува во соопштението од Независни заедно.
-Ги повикуваме граѓаните да гласаат за бројот 128 за градоначалник на Скопје – Горан Марковски, како и за бројот 35 за листата на советници за Скопје предводена од Јана Белчева Андреевска. Скопје има шанса!, истакнуваат од Независни заедно.