Во руски напад со беспилотно летало погоден е патнички воз на железничката станица Шостка, во северниот украински Сумски регион, при што се повредени неколку десетици лица, соопштија денеска официјални лица од локалната администрација.
„Дивјачки руски напад со дронови врз железничката станица во Шостка, Сумиската област. Сите служби за итни случаи се веќе на местото на настанот и почнаа да им помагаат на луѓето. Сите информации за повредените се утврдуваат. Досега знаеме за најмалку 30 жртви“, рече Зеленски во објава на платформата X, пренесе Скај Њуз.
A savage Russian drone strike on the railway station in Shostka, Sumy region. All emergency services are already on the scene and have begun helping people. All information about the injured is being established. So far, we know of at least 30 victims. Preliminary reports… pic.twitter.com/ZZoWfPmpL5
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) October 4, 2025
Украинскиот претседател на неговиот канал на платформата Телеграм, објавуви и видео од уништениот и запален патнички вагон и другите вагони со искршени прозорци.
Зеленски додаде дека на местото на ударот имало и вработени во Украинските железници и патници.
Регионалниот гувернер Олек Хрихоров рече дека во нападот бил погоден возот што се движел од Шостка кон главниот град Кијив.
Лекарите и спасувачите интервенираат на местото на настанот, додаде тој.
Шефицата на локалната окружна администрација, Оксана Тарасјук, изјави за украинската телевизија дека околу 30 лица се повредени во нападот. Засега нема пријавени смртни случаи.
„Русите не можеа да не знаат дека целат цивили. Ова е тероризам што светот нема право да го игнорира“, напиша Зеленски.
Москва ги засили воздушните напади врз железничката инфраструктура на Украина, напаѓајќи ја речиси секој ден во последните два месеци.