Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски го постигна попладнево премиерниот гол за Ренџерс во шкотската Премиерлига, во ремито 1-1 на гостувањето против Фалкирк.
Миовски му донесе водство на Ренџерс во 41 минута, а на теренот остана до 61 минута кога беше заменет со Чермити.
Фалкирк дојде до израмнување на резултатот во 73 минута со голот на Картрајт.
Ренџерс со освоениот бод го продолжи очајниот старт во новата сезона и со една победа во воведните седум кола е осмопласиран со осум бодови.
За Миовски ова беше вкупно втор гол во дресот на Ренџерс, откако на крајот од септември беше прецизен во победата од 2-1 над Хибернијан во Лига купот.