– Во изминатите четири години, ВМРО-ДПМНЕ во Општина Аеродром не изгради ниту една од ветените четири нови градинки. Овие градинки беа прв приоритет во програмата на Муцунски и Митески, со кои ја бараа довербата на граѓаните – нови објекти во Острово, Мичурин, Лисиче и Долно Лисиче. Четири години подоцна, резултатот е јасен: ниту една од овие ветени градинки не е изградена. Денеска, Митевски по стапките на Муцунски пред граѓаните настапува со поголема лага: дека ќе изгради 5 нови градинки, реагираат со соопштениер, СДСМ Аеродром.
„Ваквото однесување на ВМРО-ДПМНЕ во општина Аеродром е безобразно и срамно!
Над 700 деца секоја година остануваат на листа за чекање поради недостиг на капацитети.
Затоа го прашуваме в.д. градоначалникот Дејан Митески и неговиот претходник Муцунски:
Каде е ветената градинка кај ОУ „Браќа Миладиновци“?
Каде е ветената градинка во дворот на ОУ „Блаже Конески“?
Каде е ветената градинка кај последна 17-ка на Тодор Чангов?
Каде е ветената градинка во Долно Лисиче?
Полни усти со ветувања пред изборите во 2021 година, 4 години подоцна уште поголеми ветувања, а нула реализација.
Граѓаните на Аеродром не заслужуваат вакви лажни проекти и лажни ветувања.
Времето на ВМРО-ДПМНЕ и Дејан Митески во општина Аеродром, заврши!“, се наведува во соопштението од СДСМ Аеродром.