ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ивановска: Обнова на СРЦ Кале – спортот не смее да биде луксуз

October 6, 2025 19:54
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Фото: Шанса за Центар

Фото: Шанса за Центар

Share on FacebookShare on Twitter

Биљана Ивановска, кандидатка за градоначалничка на Општина Центар од коалицијата Шанса за Центар, поддржана од граѓанската платформа Независни заедно, заедно со носителите на советничките листи за Општина Центар – Јане Димовски и за Град Скопје – Јана Белчева-Андреевска, денес одржаа теренска прес-конференција посветена на иднината на Спортско-рекреативниот центар „Кале“.

„Во нашата општина Центар, здравјето ќе биде врвен приоритет. Спортот е предуслов за здрав живот и затоа ќе биде достапен за секој жител. СРЦ Кале е пример за објект кој со децении пропаѓа поради штетни договори и несоодветно управување. Ревизорските извештаи бараат Владата да преземе мерки за заштита на државниот имот, а ние како општина ќе се заложиме, заедно со централната власт, Кале повторно да се стави во функција и да стане дел од современите содржини за спорт и забава“, изјави Ивановска.

Во визијата на тимот, вложувањето во спортот е оправдано само ако тој е достапен за сите жители, особено за младите. „За нас спортот не смее да биде луксуз. Нашата должност е да обезбедиме услови за лесен пристап и модернизација на спортските објекти, со широки програми за масовен спорт. Кале ќе го отвориме за училиштата, универзитетите и сите граѓани, а општината ќе обезбеди соодветна опрема“, додаде таа.

„Средства има, ако приоритетите се постават правилно. Нашата цел е во управувањето да важат нови вредности – грижа за граѓаните, а не профит за поединци и партии“, порачаа од Шанса за Центар.

Носителката на советничката листа на Независни заедно за Град Скопје, Јана Белчева Андреевска, истакна дека тесно ќе соработуваат градските власти со општинските за повторно да се искористи потенцијалот на СРЦ Кале и на околината.

„Ова е подрачје кое е потенцијал за целиот град. Капацитетот конкретно а овој простор е 3000 луѓе кои може да учествуваат во спортско-рекреативни активности. Мора да биде приоритет и на градот со општината да може да се возобнови не само како објект туку и како целосно решение за просторот кој ќе им служи на граѓаните и кој нема да биде управуван за тесни интереси или за политичка поделба меѓу малкумина моќници“ вели Јана Белчева Андреевска.

Носителот на советничката листа на граѓанската иницијатива Шанса за Центар – Независни заедно, Јане Димески, се осврна на проблемот со дивата депонија која е на само неколу стотини метри од зградата на владата, како резултат на недостатокот на политики за справување со отпадот и на ниво на општина Центар и во градот Скопје.

„Ова е резултатот кога им давате на работникците кои ви реновираат по дома за неколку стотки да ве ослободат од отпадот. Тој завршува тука и на слични локации. Ќе направиме постојани локации за собирање на кабастиот отпад. Просторот како овој тука бараат постојан видео и човечки надзор за да се спречи ова нелегално фрлање на отпад, најмалку јавното претпријатие ПОЦ да добие компостара за да не ги носи лисјата и гранките кои ги собира по општината на депонија, туку да ги компостира, ни треба драстично проширување на начинот на селекција на отпадот од граѓаните наместо овој средновековен начин кој го имаме во моментов…“ вели Јане Димески.

На крајот, Ивановска ги повика жителите на Центар на 19 октомври да дадат поддршка за промена: „Да кажеме НЕ на корупцијата и несовесното управување и ДА на достоинствен живот со здрави и среќни жители во нашата општина.“

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

(ВИДЕО) Филипче од Карпош: Кога една власт ја губи довербата од народот, тогаш измислува непријатели

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Филипче од Карпош: Кога една власт ја губи довербата од народот, тогаш измислува непријатели

October 6, 2025
Фото: Шанса за Центар

Ивановска: Обнова на СРЦ Кале – спортот не смее да биде луксуз

October 6, 2025
фото: Кабинет на претседателката

Сиљановска Давкова – Бегај во Драч: Земјите членки на Унијата сакаат многу брзо да го видат регионот во рамките на ЕУ

October 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Деби гол на Миовски во ремито на Ренџерс со Фалкирк

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скандал во Албанија: Онколошките пациенти добиваат лекови со истечен рок и фалсификати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk