ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Поранешниот грчки премиер Ципрас се повлече од Парламентот

October 6, 2025 14:28
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот премиер на Грција Алексис Ципрас соопшти дека поднесува оставка на функцијата пратеник на левичарската партија Сириза, јави државната телевизија ЕРТ.

Во објавата на платформата Икс, Ципрас наведе дека ја напушта грчката собраниска сала, но не и политиката. Тој го соопштил решението и во писмо до претседателот на Парламентот, Никитас Какламанис.

Како причина за оставката, Ципрас посочува желба да се врати кон „општествена дејност, далеку од функции и партиски механизми“.

„Не можам и не сакам да учествувам во Парламент кој, демократски осиромашен и целосно подреден на одговорноста на мнозинството, не е во состојба да ја исполни улогата што му е доделена со Уставот и што ја очекуваат граѓаните“, напиша тој.

Телевизијата Скај коментира дека оставката на Ципрас го отвора патот за можност за формирање нова политичка платформа, иако поранешниот премиер нагласи дека нема намера да стане противник на своите поранешни партиски соработници.

Алексис Ципрас беше премиер во периодот 2015–2019 година, време кога Грција спроведуваше најстроги мерки на штедење поради финансиската криза. Неуспехот во обидот да ги испреговара условите на меѓународните кредитори, како што претходно вети, ја наруши довербата во него и во левицата.

По поразот на Сириза на парламентарните избори во 2023 година, тој поднесе оставка од лидерската позиција. Оттогаш неговите јавни настапи беа ретки, но повремено упатуваше критики кон сегашното раководство на партијата, кое не успеа да го сопре падот на нејзината поддршка меѓу гласачите.

Според изборниот редослед, местото на Ципрас во Парламентот треба да го заземе следниот кандидат од листата на Сириза – Теодорос Дрицас. Меѓутоа, Дрицас веќе премина во партијата Нова левица, формирана од поранешни членови на Сириза, па доколку го прифати мандатот, партијата ќе изгуби уште еден пратеник.

Tags: оставкаЦипрас
Next Post
Меѓународна конференција „Сегашноста и иднината на Украина. Улогата на коалицијата на волните во поддршката на Украина“, Рим

Меѓународна конференција „Сегашноста и иднината на Украина. Улогата на коалицијата на волните во поддршката на Украина“ во Рим – Парламентарната дипломатија на дело

НАЈНОВО

Мицкоски вели нема промени кај министрите од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, потврди дека Беким Сали и Мухамед Хоџа влегуваат во Влада

December 1, 2025

Освен во „Димо Хаџи Димов“, во друго училиште во Карпош не се најдени патогени бактерии

December 1, 2025

Нема пари за Мој ДДВ, од УЈП велат било технички проблем

December 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Јутјуб

    Скарлет Јохансон под силен притисок во режисерското деби „Eleanor the Great“ поради темата за Холокаустот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пендаровски за ЦИВИЛ (1): Кратко и јасно! Македонија е одамна прокси-држава на рускиот свет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 1 декември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет лица уапсени по инцидентите за време и по антифашистичкиот марш во Риека, организаторите бесни на полицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозија во јавноста: Дали ова е новиот ‘Груевски модел’ за испумпување пари?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk