Македонската таеквондо репрезентативка Милијана Релиќ, изминатиот викенд освои сребрен медал и нови шест поени на олимписката ранг листа на Г-1 Опен натпревар во Тирана, Албанија.
Таа поради добрата позиција на ранг листата, беше слободна во првото коло. Во второто кола ја совлада гркинката Теопула Сарванаки, светска вице-шампионка во 2022 од Мексико. Мила ја совлада Сарванаки во тесна борба со 2:1 во рунди.
Во полуфиналето, Македонката ја совлада Шпанката Елза Чарлс Секанел, додека во финалната борба загуби од Дора Мештровиќ од Хрватска.
Релиќ на крајот на овој месец ја очекува настап на Светското првенство во Кина.