Џелал Хоџиќ – Лидер на политичката партија СДА –Македонија, колумнист и аналитичар, на панел дискусијата на ЦИВИЛ – Демократско назадување: Импликации и последици, Научени лекции – Заштита на демократијата, истакна дека Северна Македонија е во општествена криза.
„Младите веќе немаат интерес да работат во јавната администрација.
Државата влезе во самоизолација. Институциите не се сервис на граѓаните. Ние во последните две години ги заладивме односите со сите соседи, освен со Србија. А тоа значи дека влегуваме во „српски свет“, односно „руски свет“.
Македонската економија нема иднина без Европа. Олигархијата го поддржува овој статус-кво.
Пукнаа полулистичките балони, кога видовме дека актуалната власт почна да ја користи придавката Северна, дека не го укинаа договорот со Бугарија.
Во демократијата одговорноста е на гласачите кога гласаат, но и на политичарите“, нагласи Хоџиќ.
Преземено: Цивил Медиа