ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Продолжи судењето за „Онкологија 2“: Додека бил директор Нино Васев се потпишувал на т.н. условна терапија

October 9, 2025 13:50
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за „Онкологија 2“, кој се води против поранешниот медицински и економски директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, за несовено работење и финансиски криминал.

Прво беше сослушан сведок – шалтерска работничка на Клиниката за онкологија, додека директор бил Нино Васев, која објасни како се постапувало со пациентите, посочувајќи дека откако ќе дојде кај нив, со книшка бројче се вади неговата здравствена историја и се дава на докторот, а по прегледот таа се заверува.

-Ако треба да прима дневна терапија вадиме упат и правиме финансика пресметка, појасни сведокот.

Според сведокот за т.н. условна терапија додека директор на Клиниката бил Нино Васев, тој се потпишувал, а сега секој втор четврток има стручен колегиум на кој присуствуваат сите шефови на оддел и се потпишуваат на една листа.

Вториот сведок, вработен во Приватна здравствена установа во Валандово и надворешен член на Управниот одбор на Клиниката за онкологија од 2018 до 2023 година, рече дека УО на Клиниката по барање на директорот на Клиниката носел одлука за набавка на лекови, но дека теркот бил таков што Министерството за здравство во име на Клиниката распишува тендери за набавка на лекови.

– Во УО имаше внатрешни членови кои секојдневно примаат терапија и самиот како лекар од терен гледам дека бројот на лица со малигни заболувања е се поголем. На седниците на коишто сум бил присутен, со оглед дека на голем број не сум бил присутен, но по исказот на колегите дека има потреба од терапија за пациентите, најверојатно сме дозволувале набавка. Ние не навлегувавме, не знаевме што и како се набавува, изјави сведокот.

Според сведокот УО носел одлуки, но никогаш не биле безусловни, појаснувајќи дека на сите седници на кои присуствувал, било нагласувано тоа да биде со согласност од Фондот за здравствено осигурување.

На седниците на УО немало официјална информација за презадолженост на Клиниката, но дека уште тогаш имало допис до ФЗО дека ако не се направат плаќањата преку Фондот, дека Клиниката ќе дојде во незавидна финансиска ситуација.

Управниот одбор на крајот од годината, сведокот рече дека ја усвојувал Годишната завршна сметка.

Прашан дали имал комуникација со Нино Васев и Нехад Нухи за работењето на Клиниката, сведокот рече дека на почетокот кога седниците биле во живо доаѓал медицинскиот директор Васев на седница, а имало седници на кои само ќе се поздравел и ќе заминел, нагласувајќи дека потоа по короната, седниците биле онлајн. Комуникација со Нехад Нухи, рече, дека немал.

Третиот сведок, вработена на Клиниката за онкологија како раководител на клиничката Аптека од 2012 година, рече дека тоа претставува магацински простор што врши прием на лекови, со нивна контрола и ги дистрибуира до одделите на Клиниката.

– Приемот на лекови се врши само во аптека, а дел од лековите во смисла на симптоматска терапија и одделни цитостатици може да се најдат и во други оддели. Лековите од условен буџет се требуваат по пациент и би требало да се аплицираат во текот на истот ден, рече сведокот.

Реверси како колична на лекови се примале во аптека на Клиниката, меѓутоа, сведокот нагласи дека тоа било исклучиво со писмено потпишано барање од директор, кое е претходно архивирано.

Според сведокот, на Клиниката се правела и набавка на лекови од условен буџет на реверс пред да биде склучен договор со набавувач и да биде завршена јавната набавка.

-Цврста нарачка се прави кога договорот за јавна набавка е завршен и се става број на договор, со барање за реверс таков број не постои, појасни сведокот.

Лековите на реверс, сведокот рече, се примале на ист начин како и лековите кои се примени на цврста нарачка и биле заведени електронски.

На почетокот на денешното рочиште Судот информираше дека по добиено известување од јавната обвинителка Ана Гоговска Јакимовска во кое републичкиот јавен обвинител го известува бранителот дека не се исполнети условите за изземање на јавниот обвинител и дека јавниот обвинител по предметот навремено и совесно ги извршува сите работи.

Судот, исто така, информираше дека донел и решение со кое се одбива барањето на одбраната за изземање на вештакот Елизабета Дамевска Јовановска, со оглед дека не се исполнети условите за нејзино изземање.

-Не е спорно дека Елизабета Дамевска Јовановска извршувала функција в.д. економски директор од 2015 до 2017 година, кога на тоа место е именуван второобвинетиот Нухи, а за директор на Клиниката е именуван првообвинетиот Васев. Со оглед на нештата, обвинетиот и вештакот не биле вработени во иста институција во исто време. На 14 07 2017 таа е пријавена како вработена на друго место во заеднички служби на Клиниката, изјави судијката Славица Наумовска Јосифовска.

Обвинетите Васев и Нухи на почетокот негираа вина за делата кои им се ставаат на товар. Одбраната, тврди дека обвинението против нив е неосновано и политички монтирано врз основа на економско вештачење од лица кои се исто инкриминирани, наведувајќи дека станува збор за претходниот медицински и економски директор на Клиниката кои биле сменети од Васев.

Кривичниот суд во јуни, годинава го одобри обвинението против поранешните директори на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи, за злоупотреби, измама и проневера во службата од 2018 до 2022 година.

Next Post
Фото: Скриншот, Blue Origin

(ВИДЕО) „Blue Origin“ ја подготвува втората мисија на „New Glenn“ – ќе носи две сонди на НАСА кон Марс

Shortcut

Најново

Судот одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и уште три лица

June 4, 2026

Мицкоски ја има третата власт на speed dial

June 4, 2026
Анаис. Мотив. Скопје

Дневен хороскоп со Анаис за 4 јуни 2026: Прогресивни идеи и колективен баланс

June 3, 2026

Формиран Регионален хаб за спортска дипломатија: МОК го става спортот во функција на развојот, инвестициите и регионалната соработка во Западен Балкан

June 3, 2026

Началникот на Генералштабот на Армијата учествуваше на 19-тата Конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји во Република Грција

June 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 28 мај 2026: Финализирање на стратегиите и ментално ослободување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk