ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Зошто малиот источногермански автомобил го преживеа падот на ѕидот и добива нова слава

October 9, 2025 12:35
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Freysteinn G. Jonsson/Unsplash

Freysteinn G. Jonsson/Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

Возилото „Трабант“ често важи за најлошиот автомобил во историјата на човештвото. Но, малото, енергично источногерманско возило, просто одбива „да изумре“, според познавачите.

Максималната брзина од 112 километри на час своевремено го направи предмет на потсмев во соседната Западна Германија, каде што брендови како „БМВ“ и „Мерцедес“ веќе доминираа на патиштата. Но, благодарение на група ентузијасти кои сè уште се посветени на реставрирање на стари модели, и денес сè повеќе „Трабанти“ се тркалаат на патиштата. Така, тие добиваат нова легија обожаватели. Според германскиот автомобилски клуб „KBA“, околу 40.800 „Трабанти“ се регистрирани во Германија. Пред околу 10 години, имало 33.000, се наведува.

Колекционерот Глен Кушан (58) има вкупно 23 „Трабанти“ во својата работилница за поправка на автомобили во јужен Берлин. Меѓу возилата има и бел модел којшто некогаш му припаѓал на неговиот татко и поминал повеќе од половина милион километри.

Првите „Трабанти“ се произведени во 1957 година, три години откако комунистичкиот режим во Источна Германија се зафати да создаде нов „автомобил за народот“. Трабантот е произведен во градот Цвикау, во тогашната Германска Демократска Република.

Последниот, розов „Трабант“ е произведен во 1991 година.

Денес, посетителите на Музејот „Трабант“ во Берлин може да погледнат колекција од 20 такви мали автомобили, и луѓето плаќаат за да ги разгледаат најпознатите комунистички знаменитости околу тоа возило. Томас Шмит (49), кој работи во музејот како туристички возач, рече дека „практично пораснал во ‘Трабант’,“ и сега го гледа овој автомобилот како дел од својот идентитет.

– Тоа е едно мало тркачко возило на долги патеки. Може да направи сè, неуништливо е. И, ако се расипе, убаво е што може сами да го поправите поради едноставната технологија. Луѓето велеа: Ако имате чекан, клешти и малку жица, можете да стигнете до Ленинград со Трабант, рече тој.

И покрај своите недостатоци, автомобилот остана симбол на секојдневниот живот во Источна Германија, пофален за својот необичен дизајн и издржливост. А очигледно, го преживеа и падот на Берлинскиот ѕид.

Tags: автомобилТрабант
Next Post
Claudio Schwarz/Unsplash

Тајниот Комодов премин во Колосеумот, каде одел самиот император Комод, отворен за посетители

EVN

НАЈНОВО

Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026
Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk